OBJ_BUCH-1208-005.book Page 200 Monday, June 20, 2016 1:31 PM
200 | Македонски
Доколку се оштети батеријата или не се користи правилно, од неа може да
излезе пареа. Внесете свеж воздух и доколку има повредени однесете ги на
лекар. Пареата може да ги надразни дишните патишта.
Користете батерии кои се соодветни на Вашиот електричен апарат од Bosch.
Само на тој начин батеријата ќе се заштити од опасно преоптоварување.
Останати напомени за безбедност и работење
Правта од материјали како на пр. оловни бои, некои видови дрво, минерали и
метал може да биде штетна по здравјето и да доведе до алергиски реакции,
заболувања на дишните патишта и/или рак. Материјалите што содржат азбест
може да бидат обработувани само од страна на стручни лица.
– Погрижете се за добра проветреност на работното место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при вдишувањето со класа на филтер
P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за материјалот кој го
обработувате.
Батеријата се испорачува полу-наполнета. За да ја наполните целосно
батеријата, пред првата употреба ставете ја на полнач додека не се наполни
целосно.
Прочитајте го упатството за употреба на полначот.
Електричниот апарат ставете го на шрафот само доколку е исклучен. Доколку
апаратот е вклучен и се врти, тој може да се преврти и падне.
Цврсто држете го електричниот апарат. При префрлување во брзина може да
настанат високи реакциски моменти. При префрлување во брзина може да служнете
звуци.
За да се заштеди енергија, вклучувајте го електричниот алат само доколку го
користите.
Ознаки
Следните ознаки се важни за читање и разбирање на упатството за употреба.
Запаметете ги ознаките и нивното значење. Вистинската интерпретација на ознаките Ви
помага подобро и побезбедно да го користите електричниот апарат.
Ознака
Значење
GSR Mx2Drive: Батериска дупчалка-одвртувач
Сиво означено поле: рачка (изолирана дршка)
1 609 92A 3A7 | (20.6.16)
Bosch Power Tools