Bosch GBH 18V-34 CF Professional Manual Original página 236

Ocultar thumbs Ver también para GBH 18V-34 CF Professional:
Tabla de contenido
Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 36
236 | Македонски
Монтажа
Пред каква било интервенција на електричниот
u
алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и
при негов транспорт и складирање, притиснете го
копчето за фиксирање, за да го фиксирате
прекинувачот за вклучување/исклучување. При
невнимателно притискање на прекинувачот за
вклучување/исклучување постои опасност од
повреди.
Активирање на Bluetooth® Low Energy модул
GCY 42 (опрема)
За информации за Bluetooth® Low Energy Module GCY 42
прочитајте го соодветното упатство за употреба.
Дополнителна рачка
Користете го Вашиот електричен алат само со
u
дополнителна рачка (16).
Осигурајте се дека дополнителната рачка е
u
секогаш цврсто затегната. Во спротивно, за време на
работата може да ја изгубите контролата врз вашиот
електричен алат.
Навалување на дополнителната рачка (види слика A)
Дополнителната рачка (16) може да ја вртите по желба,
за да може безбедно и неуморно да работите.
– Вртете го долниот дел на дополнителната рачка (16)
во правец спротивно на стрелките од часовникот и
навалете ја (16) во саканата позиција. Потоа повторно
зацврстете го долниот дел на дополнителната рачка
(16) во правец на стрелките од часовникот.
Внимавајте, затезната лента на дополнителната дршка
да легне во предвидениот жлеб на куќиштето.
Бирање на глава за дупчење и алат
За ударно дупчење и длетување потребни Ви се SDS-
plus-алати, што ќе се вметнат во SDS-plus-главата за
дупчење.
За дупчење без удари во дрво, метал, керамика и
пластика како и за завртување се користат алати без SDS-
plus (на пр. дупчалка со цилиндрично вратило). За овие
алати, потребна Ви е брзозатегнувачка заменлива глава
за дупчење (1) со интегрирано запирање на ударот.
Напомена: Само со брзозатегнувачка заменлива глава за
дупчење (1) со интегрирано запирање на ударот ќе се
осигурате дека користените алатки не се оштетени.
Менување на главата за дупчење
Вадење на заменливата глава за дупчење (види
слика B)
– Извлечете го наназад прстенот за заклучување на
заменливата глава за дупчење (6), држете го цврсто
во оваа позиција и извлечете ја нанапред SDS-plus-
заменливата глава за дупчење (2) одн.
брзозатегнувачката заменлива глава за дупчење (1).
1 609 92A 7SJ | (23.06.2022)
– Откако ќе ја извадите, заштитете ја заменливата глава
за дупчење од нечистотија.
Вметнување на заменливата глава за дупчење (види
слика C)
– Исчистете ја заменливата глава за дупчење пред да ја
ставите и подмачкајте го лесно крајот за вметнување.
– Фатете ја SDS-plus-заменливата глава за дупчење (2)
одн. брзозатегнувачката заменлива глава за дупчење
(1) со целата рака. Вметнете ја заменливата глава за
дупчење со вртење во прифатот за главата за дупчење
(20), додека не слушнете дека е вклопена.
– Резервната глава за дупчење сама се заклучува.
Проверете дали е заклучена со влечење на резервната
глава за дупчење.
Промена на алат
Капакот за заштита од прав (4) го спречува
навлегувањето на правта која се создава при дупчењето
во прифатот на алатот. Затоа при употребата на алатот
проверете дали капакот за заштита од прав (4) е оштетен.
Оштетениот капак за заштита од прав веднаш треба
u
да се замени. Се препорачува ова да се изврши од
страна на сервисната служба.
Замена на алат (SDS-plus)
Ставање на SDS-plus-алатот за вметнување (види
слика D)
Со SDS-plus-главата за дупчење можете едноставно и
лесно да го замените алатот што се вметнува без
користење на дополнителни алати.
– Исчистете го крајот за вметнување на алатот што се
вметнува и малку намастете го.
– Алатот што го вметнувате ставете го со вртење во
прифатот на алат, додека самиот не се заклучи.
– Проверете дали е заклучен со влечење на алатот.
Со SDS-plus-алатот за вметнување може слободно да се
маневрира поради системот. Така, при празен од
настанува отстапување од кружниот тек. Ова нема
влијание на прецизноста на дупчењето на дупката,
бидејќи дупчалката сама се центрира при дупчењето.
Вадење на SDS-plus-алатот за вметнување (види слика
E)
– Турнете ја чаурата за заклучување (5) наназад и
извадете ја запчестата глава за дупчење.
Замена на алат, брзозатегнувачка заменлива глава за
дупчење
Ставање на алатот за вметнување (види слика F)
Напомена: Не користете алати без SDS-plus за ударно
дупчење или длетување! Алатите без SDS-plus и главата
за дупчење што ја користите ќе се оштетат при ударното
дупчење или длетување.
– Вметнете ја брзозатегнувачката заменлива глава за
дупчење (1) со интегрирано запирање на ударот.
Напомена: Користете ја специфичната брзозатегнувачка
заменлива глава за дупчење со интегрирано запирање на
ударот исклучиво за GBH 18V-34 CF. Само со оваа глава
Bosch Power Tools
Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido