118 | Македонски
Подесување на режимот на работа
Дупчење и одвртување
Поставете го прекинувачот (2) на ознаката
„Дупчење".
Ударно дупчење
Поставете го прекинувачот (2) на ознаката
„Ударно дупчење".
Прекинувачот (2) ќе се вклопи и може да се
активира и додека работи моторот.
Вклучување/исклучување
За ставање во употреба на електричниот алат
притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување
(4) и држете го притиснат.
За фиксирање на притиснатиот прекинувач за
вклучување/исклучување (4) притиснете го копчето за
фиксирање (3).
За да го исклучите електричниот алат, ослободете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (4) одн.
доколку тој е блокиран со копчето за фиксирање (3),
кратко притиснете го прекинувачот за вклучување/
исклучување (4) и потоа отпуштете го.
Подесување на бројот на вртежи/удари
Бројот на вртежите/ударите на вклучениот електричен
алат може да го регулирате бесстепено, во зависност од
тоа колку подалеку ќе го притиснете прекинувачот за
вклучување/исклучување (4).
Со нежно притискање на прекинувачот за вклучување/
исклучување (4) се постигнуваат мал број на вртежи/
удари. Со зголемување на притисокот се зголемува и
бројот на вртежи/удари.
Совети при работењето
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
Електричниот алат ставете го на навртката/
u
завртката само доколку е исклучен. Доколку алатите
што се вметнуваат се вклучени и се вртат, тие може да
се превртат.
По подолго работење со мал број на вртежи, за да го
оладите електричниот алат оставете го да се врти во
празен од околу 3 минути со максимален број на вртежи.
За дупчење на плочки поставете го прекинувачот (2) на
ознаката „Дупчење". Откако ќе ја продупчите плочката,
поставете го прекинувачот на ознаката „Ударно дупчење"
и работете со удари.
При работење во бетон, камен и ѕид користете дупчалка
за цврст метал.
При дупчење во метал, користете само беспрекорно
наострени HSS дупчалки (HSS = висококапацитетно брзо
сечење со челик). Квалитетот е загарантиран преку
Bosch програмата за опрема.
Со уредот за острење на бургии (опрема) лесно може да
ја наострите спиралната бургија со дијаметар од 2,5–10
mm.
1 609 92A 55G | (01.07.2019)
Одржување и сервис
Одржување и чистење
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
Одржувајте ги чисти електричниот алат и отворите
u
за проветрување, за да може добро и безбедно да
работите.
Доколку е потребно користење на приклучен кабел,
тогаш набавете го од Bosch или специјализирана
продавница за Bosch-електрични алати, за да избегнете
загрозување на безбедноста.
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во
врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ
како и резервните делови. Ознаки за експлозија и
информации за резервните делови исто така ќе најдете
на: www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви
помогне доколку имате прашања за нашите производи и
опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве
молиме наведете го 10-цифрениот број од
спецификационата плочка на производот.
Северна Македонија
Д.Д.Електрис
Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3
1000 Скопје
Интернет: www.servis-bosch.mk
Тел./факс: 02/ 246 76 10
Моб.: 070 595 888
Д.П.Т.У "РОЈКА"
Јани Лукровски бб; Т.Ц Автокоманда локал 69
1000 Скопје
Тел: +389 2 3174-303
Моб: +389 70 388-520, -530
Отстранување
Електричните алати, опремата и амбалажите треба да се
отстранат на еколошки прифатлив начин.
Не ги фрлајте електричните алати во
домашната канта за отпадоци!
Само за земјите од ЕУ:
Според Европската регулатива 2012/19/ЕU за
електрични и електронски уреди и нивната
имплементација во националното право, електричните
алати што се вон употреба мора одделно да се собираат и
да се рециклираат на еколошки прифатлив начин.
Bosch Power Tools