•
На некои седишта на возило изработени од чувствителни материјали,
користењето детски седишта може да остави дамки и/или да
предизвика бледнеење. За да го спречите ова, можете да ставите ќебе,
крпа или сличен предмет под детското седиште за да го заштитите
седиштето на возилото.
ДЕЛОВИ НА ПРОИЗВОДОТ
(1) Оддел за чување на
Упатството за корисник
(2) Наслон за грб
(3) Перниче
(4) Рачки за заклучување ISOFIX
(5) Рачка за приспособување
ISOFIX
(6) Точки за закотвување ISOFIX
(7) Сигурносен показател ISOFIX
ПОДГОТОВКА ЗА МОНТИРАЊЕ
Поврзете го наслонот за грб (2) со перничето (3) со прикачување на
водилката со кука на осовината на перничето. Наслонот за грб (2) потoа
се преклопува нанапред. Кога го отпакувате производот, линеарната
странична заштита од удари (L.S.P.) (9) е активирана на двете страни на
седиштето.
ТОЧНА ПОЗИЦИЈА ВО ВОЗИЛОТО
Детското седиште може да се употребува на седишта во возило
опремени со автоматски каиш со три точки за фиксирање. Oсврнете се на
приложениот список со типови возила за одобрените возила. Може да ја
добиете најновата верзија на www.cybex-online.com.
Ако вашето возило не е опремено со точки за поврзување ISOFIX, може
да го користите седиштето SOLUTION S2 i-FIX со вовлечени рачки за
заклучување ISOFIX.
Кога детето ќе биде повисоко од 135 см, компатибилноста меѓу SOLUTION
S2 i-FIX и возилото може да биде намалена. Разгледајте го списокот
со типови возила за да проверите дали детското седиште може да се
употребува во сите позиции на наслонот на глава без ограничувања.
Во особени случаи, детското седиште за автомобил може, исто така, да
се употребува на предното патничко седиште. Секогаш почитувајте ги
препораките на производителот на возилото.
(8) Копче за откочување ISOFIX
(9 ) Линеарна странична заштита од
удари (L.S.P.)
(10) Оперативно копче на L.S.P.
(11) Приспособлив наслон за глава
(12) Регулатор на висина на наслон
за глава
(13) Водилка на скутен каиш
(14) Водилка на каиш за рамо
МОНТИРАЊЕ НА ДЕТСКОТО СЕДИШТЕ ВО ВОЗИЛОТО
1. Секогаш треба да бидете сигурни дека...
• наслоните за грб во возилото се закочени во исправена позиција.
• Кога го монтирате детското седиште на предното патничко седиште,
тоа е приспособено што е можно поназад, без да влијае врз
жлебовите за водење на каишот.
2. Употребете ја рачката за приспособување ISOFIX (5) под перничето (3)
и повлечете ги целосно двете рачки за заклучување ISOFIX (4).
3. Сега, завртете ги рачките за заклучување ISOFIX (4) 180 степени, така
што ќе бидат завртени во правец на точките за закотвување ISOFIX (6).
4. Поставете го детското седиште на соодветното седиште во возилото.
5. Турнете ги рачките за заклучување ISOFIX (4) во точките за
закотвување ISOFIX (6) сè додека не се заклучат во соодветната
позиција и додека не слушнете звук на закопчување.
6. Употребете ја рачката за приспособување ISOFIX (5) и туркајте го
седиштето на автомобил кон седиштето на возилото.
7. Бидете сигурни дека целата површина на наслонот за грб (2) на
детското седиште се потпира врз наслонот за грб на седиштето на
возилото.
Ако потпирачот за глава на возилото претставува препрека, повлечете
го целосно нагоре или отстранете го (освен кај седишта во возило
завртени наназад).
8. Бидете сигурни дека седиштето е добро прицврстено, обидувајќи
се да го извлечете од точките за закотвување ISOFIX (6). Зелените
сигурносни показатели (7) мора да бидат јасно видливи на двете
страни на седиштето.
9. Ако седиштето се употребува без ISOFIX, тоа може да се остави на
долниот дел на седиштето.
Кога користите ISOFIX, се создава врска со возилото што ја зголемува
безбедноста на детето. Детето сепак треба да се врзе со каишот со три
точки за фиксирање на возилото.
10. Ако „Линеарната странична заштита од удари" (L.S.P.) (9) претставува
пречка за вратата на автомобилот или ако влијае врз просторот
на патничкото седиште, L.S.P. може да се затвори. Притиснете го
Оперативното копче на L.S.P (10), држете го притиснато и преклопете ја
навнатре L.S.P. (9) со благо туркање. Потоа, отпуштете го оперативното
копче на L.S.P. (10).
MK
93