ST SV 213 E Manual De Instrucciones página 90

Ocultar thumbs Ver también para SV 213 E:
Tabla de contenido
Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 48
ставање на роторот за работа.
5) Изабените делови треба да се заменат во специјализиран
сервисен центар.
Д) ДОПОЛНИТЕЛНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА
1) Yредот напојувајте го само преку диференцијал (RCD –
уред за наизменична струја) со струја на прекин која не над-
минува 30 mA.
2) Трајното поврзување на кој и да било електричен апарат
во ел. мрежа на даден објект треба да го направи квалифи-
куван електричар следејќи ги најстрого соодветните одред-
би. Некоректно поврзување може да предизвика сериозни
повреди, вклучувајќи и смрт.
3) ВНИМАНИЕ: ОПАСНОСТ! Влажноста и ел. струја не се
компатибилни:
– ракувањето и поврзувањето на електричните кабли мора
да се изведува на суво место,
– никогаш не спојувајте извор на електрична енергија или
кабел во мокра зона (бара или влажен терен),
– поврзувањето меѓу каблите и штекерите мора да биде од
водоотпорен материјал. Користете продолжен кабел од
интегрирани и водоотпорни делови кои може да се наба-
ват во трговија.
4) Каблите за напојување треба да се со квалитет не помал
од типот H05RN-F или H05VV-F со минимален пресек од 1,5
мм2 и со препорачана максимална должина од 25 м.
5) Никогаш не користете ја машината ако кабелот за
напојување или продолжниот кабел се оштетени или иза-
бени.
6) Никогаш не поврзувајте оштетен кабел во извор за
напојување и не допирајте оштетен кабел што е веќе повр-
зан во струја. Оштетен или изабен кабел може да предизви-
ка контакт со делови под напон.
7) Спојте го кабелот на продолжниот приклучок со статич-
ниот кабел пред да ја вклучите машината. Користете ја сте-
галката за кабелот како што е прикажано во ова упатство за
да избегнете кабелот случајно да се заглави, обезбедувајќи
истовремено правилно приклучување без притисок врз при-
клучокот.
8) Држете ги каблите подалеку од роторот за работа.
Роторот за работа може да ги оштети каблите и да дојде во
контакт со деловите под напон.
9) Никогаш не влечете ја машината за кабелот за напојување
или не влечете го кабелот за да го исклучите од штеке-
рот. Не изложувајте го кабелот на извори на топлина и не
оставајте го близу масло, растворувачи или остри предмети.
Ѓ) ТРАНСПОРТ И ДВИЖЕЊЕ
1) Секојпат кога е потребно движење, подигнување, транс-
порт или закосување на машината, треба:
– да носите заштитни ракавици,
– да ја зафатите машината на места кои нудат сигурен за-
фат, имајќи ја предвид нејзината тежина и распределба
на истата,
– да ангажирате соодветен број луѓе во согласност со тежи-
ната на машината и карактеристиките на средството за
транспорт или за местото на кое треба да се донесе или
земе истата.
2) За време на транспорт, обезбедете ја соодветно машина-
та со помош на јажиња или синџири.
ПРАВИЛА ЗА УПОТРЕБА
ЗАБЕЛЕШКА соодветноста меѓу насоките дадени во ова
упатство и соодветните слики (дадени на страниците 2 и по-
натаму) е претставена преку бројот кој му претходи на даде-
ниот пасус.
1. КОМПЛЕТИРАЊЕ НА МОНТАЖАТА
ЗАБЕЛЕШКА  машината може да се доставува со некои веќе
монтирани делови.
ВНИМАНИЕ  –  распакувањето  и  целата  монтажа  треба 
да  се  извршат  на  цврста  и  рамна  површина  со  доволно 
простор  за  поместување  на  машината  и  на  амбалажата 
користејќи секогаш соодветни алати.
Фрлањето на амбалажата треба да се изведува во соглас-
ност со важечките локални закони.
1.1 Монтирање на ракофатот
Вметнете го долниот дел на ракофатот (1) во отворите на
куќиштето и фиксирајте со дадените навртки (2).
Фиксирајте ги двата централни елементи (4) за долниот дел
(1) со регулаторите (5) и доставените навртки како што е
прикажано.
Поставете ја стегалката за кабелот (6) во прикажаната
позиција и фиксирајте ја со навртката и мутерот (7).
Монтирајте го горниот дел на ракофатот (8) користејќи ги
регулаторите (5) и приложените навртки како што е прика-
жано.
Поставете ја стегалката за кабелот (9) во прикажаната
позиција и приклучете го електричниот кабел (10).
1.2 Монтирање на ракофатот
Вметнете ја рамката (1) во вреќата (2) и прицврстете ги пла-
стичните шипки (3) со помош на одвртка, како што е прика-
жано на цртежот.
2. ОПИС НА КОМАНДИТЕ
ЗАБЕЛЕШКА значењето на дадените симболи за командите
е објаснето на претходните страници.
2.1 Двостепен прекинувач
Моторот се вклучува со помош на двостепен прекинувач за
да се избегне случајно придвижување.
За вклучување, притиснете го копчето (2) и повлечете ја рач-
ката (1).
ВНИМАНИЕ - палењето на моторот предизвикува  истов-
ремено активирање на роторот за работа.
Моторот автоматски се гаси со пуштање на рачката (1).
2.2 Регулација на длабочината на продирање
Рачката (1) дозволува внимателна регулација на позицијата
на роторот за работа на разни висини, а со тоа и промена на
длабочината на продирање на запците на роторот за рабо-
та во теренот.
ВНИМАНИЕ - преминот од една во друга позиција треба 
да се изведе кога роторот за работа мирува.
3. УПОТРЕБА НА МАШИНАТА
3.1 Подготовка на роторот за работа
Машината се доставува со два различни ротори за работа
за да се постигне функцијата за типот на потребната работа:
– со пружина (1) за расчистување и раздувување на површи-
ната на теренот,
– со цврсти сечива (2) за протресување на теренот.
3
Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido