OBJ_BUCH-1851-003.book Page 106 Monday, August 22, 2016 12:19 PM
106 | Македонски
Алатот за сечење одржувајте го остар и чист.
Внимателно одржуваните алати за сечење со остри
рабови за сечење помалку се заглавуваат и со нив
полесно се работи.
Користете ги електричните апарати, опремата,
додатоците за алатите итн. во согласност со ова
упатство. Притоа земете ги во обѕир работните
услови и дејноста што треба да се изврши.
Користењето на електрични апарати за друга употреба
освен наведената може да доведе до опасни ситуации.
Сервис
Поправката на Вашиот електричен апарат смее да
биде извршена само од страна на квалификуван
стручен персонал и само со користење на
оригинални резервни делови. Само на тој начин ќе
бидете сигурни во безбедноста на електричниот апарат.
Безбедносни напомени за чекани
Носете заштита за слухот. Изложеноста на бучава
може да влијае на губењето на слухот.
Користете ги дополнителни дршки, доколку се
испорачани заедно со електричниот алат. Губењето
на контролата може да доведе до повреди.
Држете го уредот за изолираните површини на
рачките, доколку вршите работи каде алатот што се
вметнува може да наиде на скриени електрични
кабли или сопствениот струен кабел. Контактот со
струјниот кабел може металните делови на уредот да ги
стави под напон и да доведе до електричен удар.
Останати напомени за безбедност и
работење
Користете соодветни уреди за пребарување, за да
ги пронајдете скриените електрични кабли или
консултирајте се со локалното претпријатие за
снабдување со електрична енергија. Контактот со
електрични кабли може да доведе до пожар и
електричен удар. Оштетувањето на гасоводот може да
доведе до експлозија. Навлегувањето во водоводни
цевки предизвикува оштетување.
Внимавајте на електричниот напон! Напонот на
изворот на струја мора да одговара на оној кој е
наведен на спецификационата плочка на
електричниот уред.
Зацврстете ја дополнителната дршка, при работата
цврсто држете го електричниот апарат со двете
дланки и погрижете се за стабилно држење на
телото. Со електричниот апарат посигурно ќе
управувате ако го држите со двете дланки.
Ставете SDS-max алат за вметнување: Проверете
дали е заклучен со влечење на алатот.
Оштетениот капак за заштита од прав веднаш
заменете го. Капакот за заштита од прав го спречува
навлегувањето на правта која се создава при
дупчењето во прифатот на алатот. Затоа при употребата
1 609 92A 2BM | (22.8.16)
на апаратот проверете дали капакот за заштита од прав
не е оштетен.
Правта од материјали како на пр. оловни бои, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде
штетна по здравјето и да доведе до алергиски
реакции, заболувања на дишните патишта и/или
рак. Материјалите што содржат азбест може да бидат
обработувани само од страна на стручни лица.
– Затоа, доколку е возможно, користете соодветен
вшмукувач за прав за материјалот што се
обработува.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
За да се заштеди енергија, вклучувајте го електричниот
алат само доколку го користите.
Почекајте додека електричниот апарат сосема не
прекине со работа, пред да го тргнете настрана.
Алатот што се вметнува може да се блокира и да доведе
до губење контрола над уредот.
Заштита од рестартирање
При длетувањето, заштитата од рестартирање го
спречува неконтролираното вклучување на
електричниот апарат по прекин на струја.
– За повторно вклучување прекинувачот за
вклучување/исклучување ставете го во положба
Исклучено и одново вклучете го електричниот
апарат.
Ознаки
Следните ознаки се важни за читање и разбирање на
упатството за употреба. Запаметете ги ознаките и нивното
значење. Вистинската интерпретација на ознаките Ви
помага подобро и побезбедно да го користите
електричниот апарат.
Ознака
Значење
GSH 7 VC: Ударен чекан
Сиво означено поле: рачка
(изолирана дршка)
Број на дел/артикл
Прочитајте ги сите напомени и
упатства за безбедност
Пред било каква интервенција на
електричниот апарат, извлечете го
струјниот приклучок од ѕидната
дозна
Bosch Power Tools