Vaillant climaVAIR pro VAIB1-020WNI Instrucciones De Instalación Y Mantenimiento página 124

Ocultar thumbs Ver también para climaVAIR pro VAIB1-020WNI:
Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 41
7.
Завиткајте ја цевката/кабелската мрежа (вкл. прик-
лучните кабли (3) и испусното црево за кондензат
(4)) со топлинско изолационен материјал (5).
8.
Скратете ги водовите за средство за ладење со
секач за цевки, така што ќе останат парчиња со
доволна должина за да се поврзат со водовите за
средство за ладење на внатрешната единица и со
приклучоците на надворешната единица.
9.
Отстранете ги остатоците од краевите на цевката
надолу така што нема да навлезат струготини во
водовите за средство за ладење.
10.
Ставете ги навртките на водовите за средство за
ладење и извршете фланширање.
11.
Закачете ја внатрешната единица на горниот држач
на монтажната плоча.
12.
Навалете го долниот дел на внатрешната единица
подалеку од ѕидот и фиксирајте ја внатрешната
единица во оваа позиција, на пр. со стегање парче
дрво помеѓу монтажната плоча и внатрешната еди-
ница.
13.
Поврзете ги водовите за средство за ладење и ис-
пусното црево за кондензат со внатрешната еди-
ница.
5.2.2
Инсталирање на црево за одвод на
кондензат
1.
Инсталирајте го испусното црево без превиткувања
или бранови и со постојан наклон, така што конден-
затот може слободно да се исцеди.
2.
Инсталирајте го испусното црево за кондензат на
тој начин, што растојанието на слободниот крај до
подот ќе изнесува најмалку 50 mm.
3.
Изолирајте го надворешното испусно црево за кон-
дензат за да спречите замрзнување на конденза-
тот.
5.3
Електроинсталација
5.3.1
Електрична инсталација
Опасност!
Опасност по живот поради струен удар
Доколку ги допрете компонентите коишто
спроведуваат напон, постои опасност по
живот поради струен удар.
Извлечете го струјниот приклучок. Или
исклучете го производот без напон
(разделник со најмалку 3 mm отвор
меѓу контактите, на пр. осигурувач или
прекинувач за јачина).
Обезбедете го од повторно вклучу-
вање.
124
Почекајте најмалку 30 мин., додека не
се испразнат кондензаторите.
Проверете дали има напон.
Поврзете ја фазата и заземјувањето.
Премостете ги фазата и нулта спровод-
никот.
Покријте или оградете ги соседните
делови под напон.
Електричната инсталација треба да биде извршена
од електроинсталатер.
5.3.2
Подготовка на електричната инсталација
1.
Исклучете го производот од напојување.
2.
Почекајте најмалку 30 мин., додека не се испразнат
кондензаторите.
3.
Проверете дали има напон.
4.
Инсталирајте заштитен прекинувач за диферен-
цијална струја од типот B, доколку тоа е пропишано
за местото на инсталација.
5.3.3
Поврзување
1.
Употребете кабелски уводници.
2.
Доколку е потребно, правилно скратете го приклуч-
ниот вод.
30 mm max.
3.
За да избегнете краток спој при невнимателно ола-
бавување на една жица, оголете ја надворешната
обвивка на еластичниот кабел макс. 30 mm.
4.
Внимавајте да не ја оштетите изолацијата на внат-
решните жици за време на вадењето на надвореш-
ната обвивка.
5.
Отстранете го само оној дел од изолацијата на
внатрешните жици, што е потребен за доволен и
стабилен приклучок.
6.
За да спречите краток спој поради олабавување на
жиците од приклучниците, по изолирањето ставете
приклучни чаури на краевите на жиците.
7.
Проверете дали сите жици се механички цврсто по-
ставени во терминалите на приклучокот. По пот-
реба одново прицврстете.
5.3.4
Електрично поврзување на внатрешна
единица
1.
Отстранете го заштитниот капак од електричните
приклучоци на внатрешната единица.
2.
Извлечете го спојниот кабел нанапред на надво-
решната единица на задната страна на внатреш-
ната единица преку кабелскиот вод наменет за тоа.
3.
Поврзете ги индивидуалните жици на спојниот ка-
бел со терминалниот блок на внатрешната единица
според дијаграмот за поврзување.
4.
Монтирајте го заштитниот капак пред електричните
приклучоци.
Упатство за инсталација и одржување 8000011833_00
loading