Stiga MP1 500 Li D48 Serie Manual De Instrucciones página 114

Ocultar thumbs Ver también para MP1 500 Li D48 Serie:
Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 63
4. КОМАНДИ ЗА КОНТРОЛА
• Безбедносен клуч (уред за дезактивирање)
Безбедносниот клуч, поставен во отворот на батеријата,
го активира и дезактивира електричното коло на
машината (Сл. 5).
Со вадење на клучот, комплетно се дезактивира
електричното коло за да се спречи неконтролирана
употреба на машината.
ВАЖНО   Извадете го безбедносниот клуч секојпат кога ја 
оставате машината брз надзор.
• Рачка за присуство на оператор
Рачката за присуство на оператор (Сл. 6.A) го овозможува
палењето на уредот со сечивото. Се наоѓа зад ракофатот.
Притиснете го безбедносното копче (Сл. 6.C) и доведете
ја рачката кон ракофатот за да го вклучите уредот со
сечивото.
Моторот застанува автоматски и сите функции се
дезактивираат ако ја пуштите рачката.
• Копче за палење (ако е предвидено)
Копчето за палење (Сл. 7.A) се користи за:
Палење на машината.
Со притискање на копчето (Сл. 7.A) ЛЕД-
сијаличката (Сл. 7.B) се пали и машината е
подготвена за работа.
ЗАБЕЛЕШКА Палењето  на  машината  е  можно 
само  ако  рачката  за  присуство  на  операторот  и 
рачката за погонот се пуштени.
ЗАБЕЛЕШКА Ако  машината  не  се  користи,  по 
15 секунди ЛЕД-сијаличката се гасне и треба да ја 
повторите горепосочената операција.
Вклучување на уредот со сечивото.
ЗАБЕЛЕШКА
Вклучувањето  на  уредот  со 
сечивото  е  можно  само  ако  рачката  за  присуство 
на  оператор  е  притисната  кон  ракофатот  (видете 
пасус 6.3).
Исклучување на уредот со сечивото.
Со вклучен уред со сечило пуштете ја рачката за
присуство на оператор (Сл. 6.A); уредот со сечивото
ќе застане, а машината ќе остане вклучена.
• Рачка за вклучување на погонот (ако има)
Го активира движењето на тркалата и дозволува
движење на машината (Сл. 6.B). Се наоѓа зад
ракофатот.
ВАЖНО   Палењето  на  моторот  треба  да  изведе  со 
исклучен погон.
ВАЖНО   За  да  избегнете  оштетување  на  преносот, 
избегнувајте  да  ја  влечете  машината  назад  со  вклучен 
погон.
За некои модели може да се регулира брзината на
движење преку копче за избор кое се наоѓа десно од
ракофатот (Сл. 7.C).
Може да се изберат 6 различни нивоа на брзина
Максимална брзина (околу 5 Km/h)
Минимална брзина (околу 2,5 Km/h)
ЗАБЕЛЕШКА Последното  избрано  ниво  на  брзина 
останува наместено и по гаснење на машината.
• Копче „ЕКО" (ако е предвидено)
Функцијата „ЕКО" овозможува заштеда на енергија во
текот на косењето на тревата и оптимална автономија на
батеријата. За активирање и деактивирање на функцијата
„Еко" притиснете го копчето (Сл. 7.D).
Оваа функција се дезактивира секојпат кога ќе се пушти
рачката за присуство на оператор.
ЗАБЕЛЕШКА Не се препорачува употреба на функцијата 
„ЕКО"  во  услови  на  отежнато  косење  (косење  на  густа, 
висока или мокра трева).
• Регулација на висината на косењето
Со подигање и спуштање на шасијата тревата може да
се коси на различни висини. (Сл. 8)
ВАЖНО   Изведувајте  ја  операцијата  кога  уредот  со 
сечилото мирува.
5. УПОТРЕБА НА МАШИНАТА
ВАЖНО   Погледнете го соодветното упатство во однос на 
батеријата (ако има).
5.1. ВОВЕДНИ ОПЕРАЦИИ
Ставете ја машината хоризонтално и стабилна на теренот.
• Контрола на батеријата
Пред да ја користите машината за првпат по купувањето,
оставете батеријата да се наполни до крај согласно
насоките дадени во упатството за батеријата.
Пред секоја употреба, проверете ја состојбата на полначот
за батеријата следејќи ги насоките посочени во упатството
за батеријата.
• Подготовка на машината за работа
ВАЖНО   Изведувајте  ја  операцијата  кога  уредот  со 
сечилото мирува.
Оваа машина дозволува да се извршува косење на
тревникот на различни начини:
• Поставување за косење и собирање на тревата во
вреќата за собирање (Сл. 9)
• Подготовка за косење и заден испуст на тревата врз
земјата (Сл. 10)
• Подготовка за косење и дробење на тревата (функција
„сечкање") (Сл. 11)
• Подготовка за косење и страничен испуст на тревата
врз земјата (Сл. 12)
5.2. БЕЗБЕДНОСНИ КОНТРОЛИ
• Проверете ја целосноста и правилната монтажа на
сите компоненти на машината;
• Проверете дали сите прицврстувачи се правилно
затегнати;
• Одржувајте ја чиста и сува секоја површина на
машината.
МК - 4
loading

Este manual también es adecuado para:

Mp1 550 li d48 serie