Stiga MP1 500 Li D48 Serie Manual De Instrucciones página 112

Ocultar thumbs Ver también para MP1 500 Li D48 Serie:
Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 63
• Не користете ја машината никогаш кога има оштетени
делови, ако недостасуваат или не се правилно
поставени (вреќата за собирање, заштитата на
страничниот испуст, заштитата на задниот испуст).
• Не исклучувајте, дезактивирајте, вадете ги
манометарот и поставените безбедносни системи/
микропрекинувачи.
• Исклучете го уредот со сечивото, застанете го моторот
и извадете го безбедносниот клуч (за модели со
батерија) или извадете го кабелот за напојување (за
модели со електричен кабел), внимавајќи при тоа
сите делови во движење да бидат застанати докрај:
- при транспорт на машината;
- секојпат кога ја оставате тревокосачката без надзор;
- пред да ги отстранувате причините за блокирање
или чистење на испусниот канал;
- пред проверка, чистење или работа врз машината;
- по удар во страни предмети. Проверете дали има
евентуални оштетувања на машината и направете
ги неопходните поправки пред да одново да ја
користите.
- Ако машината почне да вибрира на неправилен
начин: проверете дали има евентуални оштетувања;
проверете дали има лабави делови и затегнете
ги; извршете проверки, замени и поправки во
специјализиран центар.
Во случај на дефект или инциденти во текот
на работата, веднаш исклучете го моторот
и оддалечете ја машината внимавајќи да
не предизвикате други оштетувања. Во
случај на инцидент со лична повреда или
повреда на трето лице, пристапете веднаш
кон постапката за давање најсоодветна прва
помош за дадената состојба и обратете се во
соодветен центар за здравствена заштита за
неопходно лекување. Отстранете ги темелно
сите остатоци од косењето што може да
предизвикаат дефект или повреди на лица
или животни ако останат незабележано во
машината.
1.4. ОДРЖУВАЊЕ, ОДЛАГАЊЕ И ТРАНСПОРТ
Редовно одржувајте и правилно одложете ја машината
за да ја одржите безбедноста на машината и нивото на
работа.
• Никогаш не користете ја машината со користени или
оштетени делови. Оштетените или дефектните делови
треба да се заменат, никогаш да не се поправаат.
Користете само оригинални резервни делови.
• Во текот на операциите за регулирање на машината,
обрнете внимание и избегнувајте прстите да ви се
наоѓаат заглавени во уредот со сечилото во движење
и фиксните делови на машината.
• За намалување на ризикот од оган, не оставајте полни
контејнери во затворен простор.
Дадените нивоа за бучава и вибрации во
ова упатство се максимални вредности при
употреба на машината. Употребата на елемент
за косење којшто не е стабилен, движењето
со преголема брзина, неодржувањето на
машината значително влијаат врз емисијата
на бучава или вибрации. Затоа, неопходно
е да применувате заштитни мерки за да
елиминирате можни оштетувања заради
зголемена бучава или значителни вибрации.
Редовно одржувајте ја машината, носете
слушалки против бучава и правете паузи во
работата.
1.5. БАТЕРИЈА / ПОЛНАЧ ЗА БАТЕРИЈАТА
ВАЖНО   Следните  безбедносни  мерки  ги  опфаќаат 
безбедносните одредби коишто се претставени во даденото 
упатство за батеријата и за полначот на батеријата кое што 
се доставува со машината.
• Користете само полначи за полнење на батериите што
ги препорачува производителот. Несоодветен полнач
за батеријата може да предизвика електричен удар,
прегревање или протекување на корозивната течност
од батеријата.
• Користете само батерии со спецификации што се
предвидени за вашиот апарат. Употреба на други
батерии може да предизвика повреди и ризик од
пламен.
• Проверете дали апаратот е исклучен пред да ја ставите
батеријата. Ставање батерија во вклучен електричен
апарат може да предизвика пожар.
• Чувајте ја батеријата што не ја користите подалеку
од канцелариски прибор, пари, клучеви, игли,
навртки и други мали метални предмети што може
да предизвикаат краток спој на контактите. Краток
спој на контактите на батеријата може да доведе до
експлозија и пламен.
• Не користете го полначот за батеријата на места каде
има гасови, запаливи супстанци или лесно запаливи
површини, како што се хартија, ткаенина и слично. За
време на полнењето, батеријата се загрева и може да
предизвика оган.
• За време на транспорт на акумулаторите, обрнете
внимание контактите да не дојдат во спој меѓу себе и
не користете метални кутии за транспорт.
1.6. ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА
• Доследно следете ги локалните закони за фрлање
на амбалажата, делови во распаѓање или какви било
елементи со штетно влијание врз животната средина.
Овие отпадоци не смеат да се фрлаат во ѓубре, туку
треба да се селектираат и да се однесат во соодветни
собирни центри за рециклирање материјали.
• Следете ги во целост локалните закони за фрлање на
материјалите што се резултат на сечењето.
• При исфрлање од употреба, не оставајте ја машината
каде било во природата, туку предајте ја во собирен
центар во согласност со важечките локални закони.
МК - 2
loading

Este manual también es adecuado para:

Mp1 550 li d48 serie