Epson WH-10 Manual De Instalación página 126

Македонски
Менување на положбата на детекторот за речиси празна ролна
хартија и ширината на хартијата (Само за TM-U220)
Два типа на завртки се користат со WH-10: 3×6 и 3×10. Најдолгата завртка (3×12) нема да се
користи.
1. Отворете го капакот на печатачот (капакот на ролната хартија).
За модел што нема детектор за речиси празна ролна хартија и нема потреба од менување на
ширината на хартијата, скокнете на чекор 7. За модел што нема детектор за речиси празна
ролна хартија и има потреба од менување на ширината на хартијата, скокнете на чекор 3.
2. Малку разлабавете ја завртката за прилагодување на детекторот со помош на алатка
како што е монета, а потоа нежно разлабавете ја завртката со раката сè додека не запре.
Таа не смее да се отстрани целосно.
3. Отстранете ги 2-те завртки на водичот за ролната хартија.
За модел што нема детектор за речиси празна ролна хартија, скокнете на чекор 6.
4. Завртете ја рачката на детекторот на водичот за ролната хартија за да ја промените
неговата насока.
Забелешка:
Откако ќе се промени насоката на рачката на детекторот, осигурајте се дека кабелот
е цврсто поврзан со конекторот.
Рачка на детекторот
126 WH-10 Прирачник за инсталација
Завртка за прилагодување на детекторот
Водич за
ролната
хартија
Кабел
loading