Информации за безбедност
•
За да спречите можно оштетување на слухот, не слушајте долг
временски период со голема јачина на звукот.
• Идеални температури: од 0°C до 35°C за работа, -40°C до +70°C за
чување.
• Не користете го уредот на места каде што има прашина, влага или
нечистотија, или во близина на магнетно поле.
• При полнење, адаптерот треба да биде вклучен во штекер во близина што
е лесно достапен. Користете одобрени адаптери за напојување и полначи.
• Исклучете ги полначот од штекерот и од уредот кога не го користите.
• Консултирајте се со доктор и со производителот на уредот за да
определите дали користењето на уредот може да влијае врз работата на
вашиот медицински уред.
• Не обидувајте се да ја заменувате батеријата самостојно – може да ја
оштетите батеријата, а тоа може да предизвика прегревање, пожар и
повреда. Сервисирањето на вградената батерија во вашиот уред треба да
го врши Huawei или овластен давател на услуги.
• Чувајте ја батеријата подалеку од оган, прекумерна топлина и директна
сончева светлина. Не ставајте ја на или во уреди за затоплување. Не
расклопувајте ја, не изменувајте ја, не фрлајте ја и не гмечете ја. Не
ставајте туѓи тела во неа, не потопувајте ја во течности и не изложувајте ја
на надворешна сила или притисок бидејќи тоа може да предизвика
истекување, прегревање и запалување, па дури и да експлодира.
Информации за фрлање и рециклирање
Симболот на производот, батеријата, литературата или амбалажата
значат дека производите и батериите треба да се однесат во посебни места за
собирање отпад одредени од локалните власти по крајот на работниот век. На
тој начин ќе се обезбеди дека отпадот од електричната и електронската
опрема ќе се рециклира и ќе се третира на начин што ги зачувува вредните
материјали и го заштитува здравјето на луѓето и околината. За повеќе
информации, контактирајте со локалните власти, продавачот или службата за
фрлање на отпадот од домаќинствата или посетете ја веб-локацијата
https://consumer.huawei.com/en/.
Информации за изложеност на радиофреквенции
За земји што го прифаќаат ограничувањето за SAR од 2,0 W/kg над 10 грама
ткиво. Уредот ги исполнува спецификациите за RF кога се користи растојание
од 0,50 cm од телото.
AGS-L09: Највисока пријавена вредност на SAR: SAR на тело: 1,07 W/kg.
AGS-W09: Највисока пријавена вредност на SAR: SAR на тело: 0,81 W/kg.
37