Bosch 0.601.076.300 Manual Original página 178

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 32
OBJ_BUCH-2468-004.book Page 177 Tuesday, February 23, 2016 2:23 PM
Вклучување/исклучување на ласерот
За вклучување на ласерските зраци притиснете го копчето
за вклучување/исклучување на ласерот 15.
 Не го насочувајте зракот светлина на лица или
животни и не погледнувајте директно во него, дури
ни од голема оддалеченост.
За исклучување на ласерските зраци одново притиснете го
копчето за вклучување/исклучување на ласерот 15.
 Не го оставајте мерниот уред со вклучен ласер без
надзор и исклучете го ласерот по употребата. Другите
лица може да се заслепат од ласерскиот зрак.
Доколку не го користите ласерот, исклучете го, за да
заштедите енергија.
Менување на мерната единица (види слика A)
Во секое време можете да смените помеѓу мерните
единици „°", „%" и „мм/м" . За тоа, притискајте го копчето за
промена на мерните единици 19, додека не се појави
саканата мерна единица на приказот e. Актуелната
измерена вредност автоматски ќе се пресмета.
При исклучување и вклучување на мерниот уред,
поставката на мерната единица останува зачувана.
Вклучување/исклучување на сигналниот тон
Со копчето сигнален тон 16 може да го вклучувате и
исклучувате сигналниот тон. При вклучен сигнален тон, на
екранот се појавува приказот g.
Кога ќе го вклучите мерниот уред, тонскиот сигнал
стандардно е вклучен.
Приказ на измерената вредност и помош при
израмнување
Измерената вредност се ажурира при секое движење на
мерниот уред. По поголеми движења на мерниот уред,
почекајте со читањето на измерената вредност, додека не
стане непроменлива.
Во зависност од положбата на мерниот уред, измерената
вредност и мерната единица ќе се прикажат на екранот
свртени за 180°. Притоа приказот се чита и при работење
на плафон.
Мерниот уред покажува преку упатствата за израмнување a
на екрнаот, во која насока мора да се заврти, за да се
постигне целната вредност. При стандардните мерења,
целната вредност претставува хоризонтала односно
вертикала, во функцијата „Hold/Copy" зачувана измерена
вредност и при променета нулта точка зачувана нулта
точка.
Доколку се постигне целната вредност, стрелките на
помошта за израмнување a се гаснат и при вклучен
сигнален тон се слуша трајниот тон.
Мерни функции
Задржување/пренос на измерена вредност
(види слика D)
Со копчето „Hold/Copy" 21 може да контролирате две
функции:
– Задржување („Hold") на една измерена вредност, дури и
кога мерниот уред дополнително се поместува (напр.
бидејќи мерниот уред е во позиција, каде екранот е
тешко читлив);
– Пренесување („Copy") на измерена вредност.
Функција „Hold":
– Притиснете го кратко копчето „Hold/Copy" 21.
Актуелната мерна вредност d се задржува на екранот и
се зачува, индикаторот „H" трепка.
– Притиснете го копчето „Hold/Copy" 21 одново, за да се
заврши функцијата „Hold". Зачуваната вредност се
брише. Нормалното мерење се продолжува.
Функција „Copy":
– Притиснете го долго копчето „Hold/Copy" 21.
Актуелната мерна вредност d и индикаторот „H" трепкат.
– Додека мерната вредност трепка (3 секунди), мерната
вредност може да се прилагоди. Со притискање на
копчето за промена на мерните единици 19 вредноста
може да се зголемува и со притискање на копчето „Cal"
20 вредноста може да се намалува.
– Доколку мерната вредност не се коригира, трепка 3
секунди, потоа се зачува и преминува на актуелното
мерење. Индикаторот „H" постојано ќе се појавува на
екранот.
– За да ја повикате копираната вредност, одново
притиснете го кратко копчето „Hold/Copy" 21.
Bosch Power Tools
Македонски | 177
1 609 92A 25G | (23.2.16)
loading

Este manual también es adecuado para:

Professional gim 60 l