Bosch GDE 18V-16 Professional Manual Original página 59

Ocultar thumbs Ver también para GDE 18V-16 Professional:
Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 13
Монтажа
Прицврстување на уредот за всисување (види
слика A)
– Поставете го чеканот за дупчење со водечкиот
жлеб (11) на водот за куќиштето (9) на уредот за
всисување и ставете го уредот на чеканот за дупчење.
Треба да слушнете кога ќе се вклопи уредот за
всисување.
– За вадење притиснете го копчето за отклучување (8),
држете го притиснато и влечете го уредот за
всисување нанадвор од чеканот за дупчење.
Употреба
Совети при работењето
Никогаш не го користете уредот за всисување без
u
филтер. Ако го користите уредот за всисување без
филтер може да се фрлат поголеми честички од прав
од дупчењето кон корисникот и да се оштети
електричниот алат.
Користете само неоштетен филтер (без пукнатини,
u
дупчиња итн.). Веднаш заменете го оштетениот
филтер.
Никогаш не го фаќајте електричниот алат за уредот
u
за всисување.
За време на работата не го држете електричниот
u
алат со монтираниот уред за всисување на уредот
за всисување туку секогаш за рачката и помошната
рачка на електричниот алат.
Напомена: Водилката (4) е затегната со пружина. При
притискање на копчето (5) за подесување на должината
на бургијата, може водилката да се исфрли нанапред.
При работата, држете го електричниот алат цврсто
u
со двете дланки и застанете во сигурна положба. Со
електричниот алат посигурно ќе управувате ако го
држите со двете дланки.
Вметнување/вадење на бургијата
(види слика B)
– Притиснете го копчето (5) за подесување на
должината на бургијата и извлечете ја водилката (4)
нанадвор до крај.
– Повторно отпуштете го копчето (5).
– Вметнете го врвот на бургијата одзади низ окцето за
прав (2) и потоа вметнете го во главата за дупчење
според упатствата на Вашиот електричен алат.
– Пред вадење на бургијата повторно притиснете го
копчето (5) и извлечете ја водилката (4) нанадвор до
крај.
Bosch Power Tools
Подесување на должината на водилката
(види слика C)
За чисто всисување и коректно поставување
на граничникот за длабочина мора
водилката (4) да е подесена на тој начин,
што врвот на бургијата ќе лежи рамно на
окцето за прав (1)/(2).
– Ставете ја саканата дупчалка во прифатот за алат на
главата за дупчење.
– Притиснете го копчето (5), додека ја подесувате
водилката (4) соодветно на должината на бургијата.
– Повторно отпуштете го копчето (5).
Напомена: За складирање на уредот за всисување
притиснете го копчето (5) и извлечете ја водилката (4)
нанадвор до крај. Со тоа ќе се ослободи пружината на
водилката и ќе се зголеми животниот век на пружината.
Подесување на длабочината на дупчење
(види слика D)
Со копчето (3) за подесување на граничникот за
длабочина може да се утврди саканата длабочина на
дупчење X.
– Притиснете го копчето (3) и поместете го копчето на
водилката (4), така што растојанието прикажано на
сликата X ќе одговара на саканата длабочина на
дупчење.
– Повторно отпуштете го копчето (3).
Замена на окцето за прав (види слики E)
Во зависност од главата за дупчење и дијаметарот на
дупчење мора да се замени окцето за прав:
– Окце за прав (1) за SDS plus-заменлива глава за
дупчење и дијаметар на дупчење 4–16 mm
– Окце за прав (2) за SDS plus-фиксна глава за дупчење
и дијаметар на дупчење 4–16 mm
Дополнително, мора да го замените окцето за прав, ако
на површината за поставување на ѕидот има значителни
траги од абење и на тој начин при всисување не се чисти
правта со четката за всисување.
Вадење на окцето за прав:
– Притиснете го копчето за заклучување (12) и
извлечете го окцето за прав нагоре од држачот.
Монтирање на окцето за прав:
– Вметнете го новото окце за прав од горе во држачот,
додека не слушнете да се вклопи копчето за
заклучување (12).
Празнење на кутијата за прав
(види слики F1−F2)
Напомена: При сервис и чистење на кутијата за прав
користете маска за заштита од прав.
Македонски | 59
1 609 92A 8R7 | (14.07.2023)
loading

Este manual también es adecuado para:

1 600 a00 51n