Bosch CL3000iU W 70 E CL3000i 26 E Manual De Usuario página 130

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 57
Објаснување на симболите и безбедносни напомени
▶ Внимавајте на безбедносните напомени и
предупредувањата.
H Прописна употреба
Внатрешната единица е предвидена за инсталација
во објект со поврзување со надворешната единица
и дополнителните компоненти на системот, на
пример, регулатори.
Надворешната единица е предвидена за инсталација
надвор од објект со поврзување со една или повеќе
внатрешни единици и дополнителните компоненти
на системот, на пример, регулатори.
Секоја друга употреба се смета за непрописна.
Непрописната употреба и штетите што резултираат
од неа се исклучени од гаранцијата.
За инсталација на специјални локации (подземно
паркиралиште, балкон или други полуотворени
простори):
▶ Внимавајте на барањата за местото на инсталација
наведени во техничката документација.
H Општи опасности предизвикани од
разладното средство
▶ Овој уред е наполнет со разладно средство.
Гасот од разладното средство може да биде
токсичен ако дојде во контакт со оган.
▶ Редовно проверувајте го и одржувајте го системот
со помош на сертифициран специјалист.
▶ Ако се сомневате дека некаде протекува
разладното средство од системот, темелно
проветрете ја просторијата и известете
сертифициран специјалист.
H Модификации и поправки
Непрописните измени на системот за
климатизација може да предизвика лични повреди
и/или материјални штети.
▶ Работите треба да ги изведува само
сертифициран специјалист.
▶ Не правете никакви измени на надворешната
единица, внатрешната единица или на другите
делови на системот за климатизација.
▶ Исклучете го системот за климатизација од
струја пред секое одржување.
H Напомени за ракувањето со системот
Погрешната употреба на системот за
климатизација може да го наруши вашето здравје.
▶ Не задржувајте се предолго директно под
воздухот што дува.
130
▶ Погрижете се собната температура да е
соодветна за лицата што се наоѓаат во
просторијата, како во случајот на бебиња, деца,
постари лица, неподвижни или лица со пречки.
▶ Никогаш не ставајте предмети во уредот, така
може да се повредите.
Погрешното ракување со уредот може да ја влоши
неговата работа, или дури и тој да се оштети и да
претрпите лични повреди.
▶ Не блокирајте ги отворите за влез и излез на
воздухот на уредот.
▶ Затворајте ги вратите и прозорците од
просторијата додека уредот работи.
▶ Заштитете ја внатрешната единица од
навлегување на вода во неа.
▶ Редовно проверувајте ја монтажната рамка на
надворешната единица за да видите дали е
изабена и дали е цврста.
▶ Не ставајте тешки работи врз надворешната
единица, на пример, други предмети, и не
качувајте се врз неа.
▶ Правта, испарувањата и влагата треба да бидат
минимални во просторијата каде што е
поставена внатрешната единица.
▶ Не користете лесно запаливи гасови во близина
на уредот, на пример, спрејови.
▶ Ако има нешто што не е во ред со клима уредот
(на пример, мирис на изгорено, дефектен
кабел), тогаш веднаш исклучете го од струја.
H Безбедност на електричните уреди за
домашна употреба и слични намени
Со цел да се избегнат опасности, важат следниве
спецификации во однос на EN 60335-1:
«Овој уред можат да го користат деца над
8-годишна возраст, како и лица со намалени
физички, сетилни или ментални способности, или
пак без искуство и знаење, земајќи предвид дека
се под надзор или добиваат упатства како безбедно
да го користат уредот и ги разбираат опасностите
што произлегуваат од употребата. Децата не смеат
да си играат со уредот. Чистењето и одржувањето
не смеат да се изведуваат од страна на деца без да
бидат под надзор.»
«Доколку се оштети кабелот за струја, истиот мора
да го замени производителот или сервисна служба,
или пак друго квалификувано лице со цел да се
избегнат опасностите што произлегуваат од
замената.»
Climate 3000i – 6721823682 (2021/09)
loading

Este manual también es adecuado para:

Cl3000iu w 26 eCl3000iu w 35 eCl3000iu w 53 eClimate 3000iCl3000i 35 eCl3000i 53 e ... Mostrar todo