128
www.electrolux.com
да се вгради во фиксното ожичување, во согласност со начелата за
поставување кабли. Доколку Вашиот уред содржи кабел за напојување
и приклучница, таа треба да се намести така што ќе се обезбеди
пристап до приклучницата.
Пред изведување на какви било активности поврзани со чистење
или одржување на уредот, секогаш треба да се исклучи електричното
напојување.
Доколку кабелот за напојување е оштетен, тој мора да биде заменет
од страна на производителот, негов сервисер или лице со слични
квалификации, за да се избегне опасност.
Предупредување: немонтирањето на шрафови или направа за
прицврстување во согласност со ова упатство, може да предизвика
електрична опасност.
Уредот мора да се монтира од страна на квалификувано лице, во
согласност со инструкцијата.
Треба да се избегнува
присуство на материи, коишто
може да исфрлаат пламен
(фламбирање) во близина на
уредот.
Не фламбирајте под кујнскиот
аспиратор.
За време на пржење, треба да
бидете особено внимателни,
за да не дојде до запалување
на маслото или маснотиите.
Прегореното масло е особено
опасно. Не треба да се користат
непокриени електрични скари.
За да се избегнат можните
ризици од пожар, секогаш треба
да се почитуваат посочените
инструкции за време на
чистењето на филтрите за
маснотии, како и за време на
отстранувањето на масните
наслаги од уредот.
Уредот може да го користат
деца со навршени 8 години
возраст, како и лица со
ограничени физички, сензорни
или ментални способности, или
со недостаток на вештини или
знаења, доколку се под надзор
или се поучени за начелата за
безбедно користење на уредот
од страна на лице одговорно
за нивната безбедност и ги
разбрале опасностите поврзани
со уредот. Децата не треба да
си играат со уредот. Чистењето
и одржувањето не треба да го
прават деца без надзор.
Предупредување: достапните
делови може да се вжештат при
користење со уреди за готвење.
Овој кујнски аспиратор е
наменет за монтирање во
домашни кујни над кујнски
плочи, уреди за готвење и
слична кујнска опрема.