Skil 3163 Manual Original página 84

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 27
4 Батериите може да експлодираат ако се изложат на
оган, па затоа никако не палете ја батеријата
5 Чувајте ги производот/полначот/батеријата на места
со температура пониска од 50°C
6 Не фрлајте ги електричните производи и батериите
заедно со домашниот отпад
7 Уредот од класа III е дизајниран да се напојува од
одделен извор на енергија со екстра низок напон.
УПОТРЕБА
Полнење на батеријата
! прочитајте ги безбедносните предупредувања
и упатствата дадени со полначот
Вадење/ставање на батеријата 2
Индикатор за нивото на батеријата 8
- притиснете го копчето F за индикаторот за нивото
на батеријата, за да се прикаже моменталното ниво
на батеријата 8a
! ако по притискање на копчето F 8b, почне
да трепка индикаторот за најниско ниво на
батеријата, тогаш батеријата е празна
! кога ќе почнат да трепкаат 2 нивоа на
индикаторот за батеријата по притискање
на копчето F 8c, тогаш батеријата не е во
рамките на дозволениот опсег за работна
температура(се однесува само на комплет
батерии од 20V)
Заштита на батеријата
Производот одеднаш се исклучува или не може да се
вклучи; кога батеријата е скоро празна (заштита од
целосно празнење) --> на индикаторот за нивото на
батеријата ќе се прикаже ниско ниво на батеријата
или ќе трепка за ниско ниво на батеријата F8b кога
ќе притиснете на копчето F; наполнете ја батеријата
! не продолжувајте да притискате на
прекинувачот за вклучување/исклучување
откако производот автоматски ќе се исклучи;
батеријата може да се оштети
Вклучено/Исклучено 9
- Вклучете го вентилаторот со притискање на левата
или десната страна на прекинувачот (G) надолу.
- Исклучете го вентилаторот со притискање на
подигната страна на прекинувачот (G) надолу.
Напојување на вентилаторот
- Напојувајте го вентилаторот со компатибилни
батерии SKIL .
- Користете USB адаптер за напојување и USB-C
кабел за напојување на вентилаторот преку
влезната порта USB-C (E) q
! Кога се користи USB кабелот за напојување,
комплетот батерии автоматски се исклучува.
USB-кабелот за напојување треба да се
исклучи од влезната порта кога не се користи.
! Ако прекинувачот е во позиција ON,
вентилаторот нема да се рестартира кога
ќе се стави комплетот батерии. Исклучете
го и потоа вклучете го вентилаторот за да
го рестартирате. Сепак, вентилаторот ќе се
рестартира веднаш штом ќе се приклучи USB
кабелот за напојување.
Прилагодување на аголот на главата на вентилаторот
(A)
- Прилагодување на вртењето (хоризонтален агол)
wa 300° (лево: 200°, десно: 100°)
- Прилагодување на наклонот (вертикален агол) wb
270° (навнатре: 45°, нанадвор: 225°) уверете се
дека основата (D) е безбедна.
Монтирање на вентилаторот e
Проверете дали потпорниот предмет е доволно
цврст.
- Олабавете го копчето за заклучување (C)
СПРОТИВНО ОД ПРАВЕЦОТ НА СТРЕЛКИТЕ НА
ЧАСОВНИКОТ за да го отворите стегачот.
- Затегнете го копчето ВО НАСОКА НА СТРЕЛКИТЕ
НА ЧАСОВНИКОТ за да го прицврстите
вентилаторот на место.
! Уверете се дека вентилаторот е добро
прицврстен пред и за време на работата.
Никогаш не стојте директно под монтиран
вентилатор.
! Внимавајте да не го закачите вентилаторот
на таков начин што ќе се спречи нормалното
функционирање на вентилаторот.
ОДРЖУВАЊЕ/СЕРВИСИРАЊЕ
Овој производ не е наменет за професионална
употреба
Секогаш одржувајте го производот чист
! извадете ја батеријата или USB кабелот за
напојување од производот пред да го чистите
- користете чиста крпа за да отстраните нечистотија,
прашина, масло, маснотии итн.
- Избегнувајте употреба на растворувачи при
чистење на пластичниот дел.
Доколку производот, и покрај внимателните
постапки на изработка и контрола некогаш откаже,
поправката мора да ја изврши некој овластен SKIL
сервис за електрични алати
- испратете го производот нерасклопен, заедно
со сметкопотврдата до вашиот продавач или
најблискиот овластен SKIL сервис (адресите и
сервисниот дијаграм на алатот се наведени на
www.skil.com)
Имајте предвид дека оштетувањето настанато
заради неправилно ракување со производот не е
опфатено со гаранцијата (видете на www.skil.com или
прашајте го продавачот за условите на гаранцијата
на SKIL)
ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА
Само за земјите од ЕУ
Не фрлајте ги електричните алати, дополнителната
опрема и амбалажата заедно со домашниот отпад
- според Европската Директива 2012/19/ЕЗ за
ослободување од електрична и електронска
опрема и нејзина имплементација во согласност со
националните закони, електричните алати кои го
достигнале крајот на својот животен век мора да
бидат собрани посебно и да бидат вратени во објект
за рециклирање кој е компатибилен со животната
средина
- симболот 5 ќе ве потсетува на ова кога ќе дојде
време да го отстраните алатот
! пред да се фрли батеријата во отпад, заштитите
ги нејзините полови за да се спречи краток
спој
84
loading