All manuals and user guides at all-guides.com
OBJ_BUCH-2057-001.book Page 161 Wednesday, November 6, 2013 8:39 AM
– За ставање во употреба на електричниот апарат притиснете го
прекинувачот за вклучување/исклучување 5 на одвртувачот и
држете го притиснат.
Совети при работењето
Не го оптоварувајте многу електричниот апарат, додека не
дојде во состојба на мирување.
Капацитетот на сечење на електричниот алат зависи од материјалите
што треба да се сечат и наполнетоста на батеријата.
Зголемената брзина значително го намалува капацитетот на
наполнетост на батеријата.
Секогаш одржувајте ја чистотата на сечилото, односно исчистете ги
остатоците од материјали.
Лизгачката водилка 2 при сечењето не смее да се заглавува и мора да
биде паралелно насочена кон површината за сечење.
При несоодветна примена, сечилото отапува.
Тенките материјали како на пр. текстил, може да се повлечат и
заглават во електричниот апарат при сечењето. Затоа, кога сечете
вакви материјали, не притискајте премногу, за да може добро да ги
исечете. Држете ги оптегнати и сечете полека.
Како да добиете оптимални резултати од сечењето може да утврдите
со практичен обид.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
Одржувајте ја чистотата на додатокот за сечење, за да може
добро и безбедно да работите.
За да го исчистите додатокот за сечење, демонтирајте го од
одвртувачот. При невнимателно ракување со прекинувачот за
вклучување/исклучување постои опасност од повреди.
Внимавајте при чистењето на сечилото и контра-сечилото.
Сечилото има остри секачи, на кои може да се повредите.
При сечењето, под заштитната хауба може да се соберат остатоци од
материјал.
– Редовно чистете ја заштитната хауба 3 со четка.
Bosch Power Tools
Македонски | 161
2 609 007 546 | (6.11.13)