Skil 0280 Manual Original página 145

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 49
скриените жици или со својот кабел. Ако жицата
за сечење или сечилата дојдат во контакт со жица
под напон, може да ги електрифицираат металните
делови на машината и да предизвикаат струен удар
кај операторот.
Секогаш одржувајте соодветен став и работете
со машината само кога стоите на земја. Лизгавите
или нестабилни површини може да предизвикаат
да ја загубите рамнотежата или контролата врз
машината.
Не ракувајте со машината на претерано стрмни
падини. Ова го намалува ризикот од губење
контрола, лизгање и паѓање што може да резултира
со лична повреда.
Кога работите на падини, секогаш бидете
сигурни во положбата на нозете, секогаш
работете попречно на падините, никогаш
по нагорница или надолница и бидете
исклучително внимателни кога го менувате
правецот. Ова го намалува ризикот од губење
контрола, лизгање и паѓање што може да резултира
со лична повреда.
Чувајте го кабелот за напојување подалеку од
секачот, жицата или сечилото. Оштетениот кабел
за напојување може да доведе до електричен удар,
пожар и/или сериозна повреда.
Чувајте ги сите делови на телото настрана
од секачот, жицата или сечилото кога работи
машината. Пред да ја стартувате машината, уверете
се дека секачот, жицата или сечилото не допираат
ништо. Момент на невнимание при работење со
машината може да доведе до лична повреда или до
повреда на другите.
Не ракувајте со машината над висината на
половината. Ова помага да се спречи несаканиот
контакт со секачот или сечилото и овозможува
подобра контрола на машината во неочекувани
ситуации.
Кога сечете гранка или фиданки кои се под
тензија, внимавајте да не отскокнат. Кога ќе се
ослободи тензијата во влакната на дрвото, гранката
или фиданката како пружина може да го удри
операторот и/или да ја исфрли машината надвор од
контрола.
Бидете крајно претпазливи при сечење грмушки
и фиданки. Сечилото може да го зафати тенкиот
материјал и да го фрли кон вас или да ве исфрли од
рамнотежата.
Одржувајте контрола над машината и не
допирајте ги секачите, жиците или сечилата
и другите опасни подвижни делови додека сè
уште се во движење. Ова го намалува ризикот од
повреда со подвижните делови.
При чистење заглавен материјал или при
сервисирање на машината, уверете се дека се
исклучени сите прекинувачи и дека е исклучен
кабелот за напојување. Неочекуваното вклучување
на машината при чистење заглавен материјал или
при сервисирање може да предизвика сериозна
лична повреда.
Машината носете ја исклучена и подалеку од
своето тело. Правилното ракување со машината ќе
ја намали можноста од случаен контакт со секачот,
жицата или сечилото кога тие се движат.
Користете само заменски секачи, жици, глави и
сечила за сечење наведени од производителот.
Неправилните резервни делови може да го зголемат
ризикот од оштетување и повреда.
Оштетување на поткаструвачот - Ако удрите туѓ
предмет со поткаструвачот или тој се заплетка,
веднаш запрете ја машината, проверете дали е
оштетена и поправете ги сите оштетувања пред да се
обидете да продолжите со работата. Не ракувајте со
скршен штитник или макара.
Ако опремата почне абнормално да вибрира,
запрете го моторот и веднаш проверете ја
причината. Вибрациите по правило укажуваат
на проблем. Лабавата глава може да вибрира,
да напукне, да се скрши или да отпадне од
поткаструвачот, што може да доведе до сериозна
или фатална повреда. Осигурете се дека додатокот
за сечење е правилно фиксиран на своето место. Ако
главата се олабави откако ќе ја фиксирате на своето
место, веднаш заменете ја. Никогаш не користете
поткаструвач со лабав додаток за сечење.
ЗАЧУВАЈТЕ ГИ ОВИЕ УПАТСТВА!
БАТЕРИИ
Обезбедената батерија е делумно наполнета (за
да се обезбеди целосен капацитет на батеријата,
целосно наполнете ја батеријата во полначот на
батеријата пред да го употребите вашиот електричен
алат за првпат)
Користете ги исклучиво следниве батерии и
полначи со овој алат
- Батерија SKIL: BR1*41****
- Полнач SKIL: CR1*41****
Оштетената батерија не треба и понатаму да се
користи; треба да се замени
Не расклопувајте ја батеријата
Никогаш не изложувајте ги на дожд алатот/
батеријата
Дозволена температура на околината (алат/полнач/
батерија):
- при полнење 4...40°C
- при работа -20...+50°C
- при складирање –20...+50°C
ОБЈАСНУВАЊЕ НА СИМБОЛИТЕ ЗА АЛАТОТ/
БАТЕРИЈАТА
3 Пред употреба прочитајте го прирачникот за употреба
4 Батериите може да експлодираат ако се изложат на
оган, па затоа никако не палете ја батеријата
5 Секогаш чувајте ги алатот/полначот/батеријата на
места со температура пониска од 50°C
6 Обрнете внимание на ризикот од повреда
предизвикана од летечки отпад
7 Носете заштитни очила и штитници за уши
8 Алатот никогаш немојте да го изложувате на дожд
9 Не фрлајте ги електричните алати и батериите заедно
со домашниот отпад
p Исклучете го акумулаторот пред одржување
a Растојанието помеѓу машината и минувачите треба да
биде најмалку 15 м
s Не користете метални сечила
УПОТРЕБА
Упатство за монтажа
- расклопете го шарнирот D и фиксирајте го како што
е наведнено на сликата со 2 завртки w
145
loading