Bosch GSR 18 V-EC TE Professional Manual Original página 120

Ocultar thumbs Ver también para GSR 18 V-EC TE Professional:
Tabla de contenido
OBJ_BUCH-1908-003.book Page 120 Thursday, October 6, 2016 9:51 AM
120 | Македонски
Наведеното ниво на вибрации е за основната примена на
електричниот апарат. Доколку електричниот апарат се
користи за други примени, со различна опрема, алатот
што се вметнува отстапува од нормите или недоволно се
одржува, може да отстапува нивото на вибрации. Ова
може значително да го зголеми оптоварувањето со
вибрации во периодот на целокупното работење.
За прецизно одредување на оптоварувањето со
вибрации, треба да се земе во обѕир и периодот во кој
уредот е исклучен или едвај работи, а не во моментот кога
е во употреба. Ова може значително да го намали
оптоварувањето со вибрации во периодот на целокупното
работење.
Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за
заштита на корисникот од влијанието на вибрациите, како
на пр.: одржувајте ги внимателно електричните апарати и
алатот за вметнување, одржувајте ја топлината на
дланките, организирајте го текот на работата.
Изјава за сообразност
Изјавуваме на сопствена одговорност, дека производот
опишан во „Технички податоци" соодветствува на сите
применливи одредби од директивите 2009/125/EC
(одредба 1194/2012), 2011/65/EU, 2014/30/EU,
2006/42/EC вклучително нивните измени и е сообразен
со следните норми:
EN 60745-1, EN 60745-2-1, EN 60745-2-2, EN 50581.
Техничка документација (2006/42/EC) при:
Robert Bosch Power Tools GmbH, PT/ECS,
70538 Stuttgart, GERMANY
Henk Becker
Helmut Heinzelmann
Executive Vice President
Head of Product Certification
Engineering and
PT/ECS
Manufacturing
Robert Bosch Power Tools GmbH
70538 Stuttgart, GERMANY
Stuttgart, 01.01.2017
Монтажа
Полнење на батеријата
 Користете ги само полначите што се наведени на
страницата со опрема. Само овие полначи се погодни
за литиум-јонската батерија за Вашиот електричен
апарат.
Напомена: Батеријата се испорачува полу-наполнета. За
да ја наполните целосно батеријата, пред првата употреба
ставете ја на полнач додека не се наполни целосно.
Литиум-јонските батерии може да се наполнат во секое
време, без да се намали нивниот рок на употреба.
Прекинот при полнењето не и наштетува на батеријата.
Литиум-јонската батерија е заштитена со „Електронска
заштита на ќелиите (ECP)" од длабинско празнење.
Доколку се испразни батеријата, електричниот апарат ќе
1 609 92A 2DB | (6.10.16)
се исклучи со помош на заштитно струјно коло:
Електричниот апарат не се движи повеќе.
 По автоматското исклучување на електричниот
апарат, не притискајте на прекинувачот за
вклучување/исклучување. Батеријата може да се
оштети.
Внимавајте на напомените за отстранување.
Вадење на батеријата
Батеријата 9 има два степени на заклучување кои
спречуваат да не испадне батеријата при невнимателно
притискање на копчето за отворање на батеријата 10.
Додека батеријата е вметната во електричниот апарат, таа
се држи во позиција со помош на федер.
За да ја извадите батеријата 9 притиснете на копчињата за
отворање 10 и извлечете ја батеријата нанапред од
електричниот апарат. Притоа не употребувајте сила.
Замена на алатот (види слика A)
 Пред било каква интервенција на електричниот
апарат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како
и при негов транспорт и складирање, извадете ја
батеријата од него. При невнимателно ракување со
прекинувачот за вклучување/исклучување постои
опасност од повреди.
Извлечете го граничникот за длабочина 4 нанапред.
Извадете го битот за зашрафување/одвртување 1. По
потреба може да го извадите и универзалниот држач за
битови 13 и да го замените.
По успешната замена на алатот, повторно вметнете го
граничникот за длабочина 4.
Употреба
Ставање во употреба
Вметнување на батерија
 Користете само оригинални Bosch литиум-јонски
батерии со напон кој е наведен на
спецификационата плочка на Вашиот електричниот
апарат. Користењето друг вид батерии може да доведе
до повреди и опасност од пожар.
Напомена: Користењето на батерии несоодветни за
вашиот електричен апарат може да доведе до погрешно
функционирање или до оштетување на електричниот
апарат.
Прекинувачот за менување на правецот на вртење 5
поставете го на средината, за да спречите несакано
вклучување. Наполнетата батерија 9 вметнете ја во
Bosch Power Tools
Tabla de contenido
loading

Este manual también es adecuado para:

Professional gsr 18 v-ec te

Tabla de contenido