! заменете ја сечива кога ќе се истрошени
(дополнителна опрема на SKIL 2610Z04031)
• Прилагодување на висината !
- разлабавете ја главата J вртејќи ја во правецот на
стрелките на часовникот
! кога го користите алатот за првпат, свртете ја
рачката за K 90° по разлабавување на главата
за заклучување J
- издолжете ја цевката L до саканата висина
- затегнете ја главата J вртејќи ја обратно од
правецот на стрелките на часовникот
! не применувајте сила врз алатот кога ја
продолжувате/скратувате цевката на саканата
должина
• Водилка за кабелот @
- закачете ја куката на продолжниот кабел над
водилката M како што е прикажано
- повлечете цврсто за да го обезбедите
продолжниот кабел
• Вклучено/Исклучено #
- вклучете ја машината прво со притискање на
безбедносниот прекинувач N (кое не може да се
блокира) и потоа повлечете го прекинувачот за
активирање P
- исклучете ја машината со пуштање на
прекинувачот за активирање P
! по исклучување на алатот, механизмот на
греблото продолжува да ротира уште неколку
секунди
- оставете го механизмот на греблото да престане
да ротира пред повторно вклучување
! не исклучувајте и вклучувајте премногу бргу
• Пред користење на електричниот алат
- осигурите се дека единицата гребло H 2 е правилно
поставена и стегата F 2 е цврсто затегната
- пробно вклучете го алатот најмалку 60 секунди на
најголема брзина во празен од и во сигурна положба
- веднаш престанете со работата доколку дојде до
поголеми вибрирања или други неправилности во
работата и прегледајте го алатот, за да ја
одредите причината
• Отстранување мов
! проверете дали работната област е без
камења, отпадоци и други страни предмети
- обезбедете долната страна на алатот да биде во
рамна позиција
- започнете да работите само кога работи моторот
- започнете со работа близу главниот приклучок и
постепено оддалечувајте се работејќи
- чувајте го алатот подалеку од цврсти предмети и
растенија
- не користете го алатот на едно место предолго
- не преотоварувајте ја машината
- кога ќе завршите со отстранување на мовта, не се
грижете доколку тревникот изгледа речиси гол
- ова е сосема нормално бидејќи сѐ што останува е
добрата здрава трева и за 2 до 3 седмици
тревникот ќе се опорави
• Држење и насочување на алатот $
- држете го алатот цврсто со една рака
- водете го алатот со постојана брзина преку
површината на којашто треба да се работи
- заземете стабилна позиција за работа
- секогаш држете ја машината далеку од телото
• Замена на сечилата на греблото за мов %
- исклучувајте го приклучокот од штекер
- едноставно извадете/поставете старо/ново сечило
како што е прикажано
- откако ќе го смените сечилото, вклучете ја пробно
машината најмалку една минута без оптоварување
за да проверите дали работи правилно
! користете само сечива од соодветен тип
(дополнителна опрема на SKIL 2610Z04031)
СОВЕТИ ЗА ПРИМЕНА
• За најдобри резултати, проверете го алатот на мал
дел од површината и проверете дали тревникот ќе
се оштети
• Редовно вадење на мовот помага да се избегне
истрајниот мов
• Многу други совети можете да најдете на
www.skil.com
ОДРЖУВАЊЕ/СЕРВИСИРАЊЕ
• Овој алат не е наменет за професионална употреба
• Одржувајте ги сите навртки, завртки и шрафови
цврсто затегнати за да обезбедите дека алатот е во
добра работна состојба
• Заменете ги истрошените или оштетените делови од
безбедносни причини
• Секогаш исклучувајте го алатот, вадете го
приклучокот од изворот на напојување и осигурајте
се дека сите подвижни делови се целосно запрени
• Алатот и кабелот секогаш да се одржуваат
чистиAlways keep tool and cord clean
! пред чистење извадете го алатот од
приклучокот
- редовно чистете ги процепите за вентилација Q 2
со мека крпа
- редовно отстранувајте ја нечистотијата од
заштитата A 2 со мека четка
• Чување ^
- чувајте ја машината во затворен простор на суво
и затворено место и подалеку од дофат на деца
- внимателно поставете ја шината за складирање R
на ѕид со 4 шрафа (не се доставуваат) и
порамнете хоризонтално
• Доколку алатот и покрај внимателното работење и
контрола некогаш откаже, поправката мора да ја
изврши некој овластен SKIL сервис за електрични
алати
- во случај на примедба, испратете го алатот
нерасклопен, заедно со сметкопотврдата, до
вашиот продавач или најблискиот SKIL сервис
(адресите се наведени на www.skil.com)
РЕШАВАЊЕ ПРОБЛЕМИ
• Следниот список ги прикажува симптомите за
проблемите, можните причини и дејства за поправка
(контактирајте со продавачот или сервисерот ако
истите не го идентификуваат ниту решаваат
проблемот)
! исклучете ја машината и извадете го
приклучокот пред да го истражувате проблемот
98