• Не користете го алатот на мокри тревници и кога
материјалите што треба да раздуваат/вшмукаат се
мокри
• Не раздувувајте кон или накај врели, запаливи или
експлозивни материјали
• Не вшмукувајте врели, запаливи или експлозивни
материјали
• Никогаш не работете со машината во непосредна
близина на луѓе (особено деца) и животни
• Корисникот е одговорен за несреќните случаи или
штетите што ќе се предизвикаат кај други лица или
на нивниот имот
• Секогаш исклучувајте го приклучокот од штекер
- кога косилката ја оставате без надзор
- пред чистење заглавен материјал
- пред проверка, чистење или работа на косилката
- ако удрите во стран предмет
- секогаш кога косилката ќе вибрира невообичаено
• Чувајте ја машината во затворен простор на суво и
затворено место и подалеку од дофат на деца
ЛИЧНА ЗАШТИТА
• Овој алат е наменет за употреба за лица (вклучувајќи
и деца) со намалени физички, сензорски или
ментални способности или со помало искуство и
знаење, и доколку лицето задолжено за нивна
безбедност не им даде соодветна помош и упатство
за за тоа како да се користи алатот
• Обезбедете децата да не си играат со алатот
• Никогаш не дозволувајте децата да го користат
алатот
• Никогаш не раздувувајте отпад во правец на луѓе во
близина
• Секогаш носете долги пантолони и ракави и цврсти
чевли кога работите со машината
• Носете заштитни ракавици, заштитни очила, тесна
облека и заштита за коса (доколку имате долга коса)
• Носете маска за прашина кога работите во правлива
средина
ЕЛЕКТРИЧНА БЕЗБЕДНОСТ
• Секогаш проверувајте напонот да е ист со оној кој е
назначен на плочката на алатот (алатите за напон од
230V или 240V исто така може да се поврзат и на
напон од 220V)
• Приклучете го електричниот алат со помош на
автоматскиот прекинувач за излегување на струјата
(F) посилно од 30 mA
• Продолжениот кабел кој го користите, мора да биде
сосема одмотан и безбеден, со капацитет од 16 А
• Не приклучувајте оштетен кабел на извор на
напојување или не допирајте оштетен кабел пред да
го исклучите од изворот на напојување (оштетените
кабли можат да доведат до контакт со делови под
напон)
• Користете само продолжен кабел од типовите
H05VV-F или H05RN-F којшто е наменет за употреба
на отворено и е опремен со приклучок со заштита од
вода и штекер во форма на запалка
• Користете само продолжни кабли со максимална
должина од 20 метри (1,5 мм²) или 50 метри (2,5 мм²)
• Секогаш исклучете ја машината и исклучете го
приклучокот од штекерот ако кабелот за напојување
со ел. енергија или продолжниот кабел се пресечени,
оштетени или заплеткани (не допирајте го кабелот
пред да го исклучите приклучокот)
• Заштитете го (продолжниот) кабел од топлина,
масло и остри рабови
• Никогаш не користете кабел за носење, бесење на
алатот или за извлекување на штекерот од
мрежниот приклучок
• Проверувајте го кабелот од време на време и повикајте
квалификувано лице да го смени ако е оштетен
• Проверувајте го продолжниот кабел од време на
време и сменете го ако е оштетен (несоодветните
продолжни кабли се опасни)
• Не користете го алатот ако прекинувачот не се
вклучува и исклучува. Оштетениот прекинувач може
да го смени само квалификувано лице
ПРЕД УПОТРЕБА
• Запознајте се со контролите и со правилната
употреба на косилката
• Проверувајте ја функционалноста на машината пред
секоја употреба и во случај на дефект, повикајте
квалификувано лице да ја поправи. Никогаш не
отворајте ја машината сами
• Пред употреба, темелно проверете ја областа
каде треба да се користи алатот и тргнете ги
сите цврсти предмети што може да го оштетат
механизмот за дробење кога вшмукувате (како
што се камења, скршено стакло, парчиња метал)
• Кога вшмукувате, никогаш не користете го алатот
без поставена вреќа за собирање
• Редовно проверувајте ја вреќата за собирање дали
покажува знаци на изабеност или оштетување
• Никогаш не вклучувајте ја алатката со расипан
заштитник или куќиштето
• Заменете ги изабените или оштетените делови
• Одржувајте ги сите навртки, завртки и шрафови
цврсто затегнати за да обезбедите дека алатот е во
добра работна состојба
ВО ТЕКОТ НА УПОТРЕБАТА
• Кабелот секогаш држете го подалеку од деловите на
алатот кои се движат; кабелот држете го на задната
страна, на страна од алатот
• Работете со алатот само со одење (не трчајте)
• Одржувајте соодветно растојание на закосени терени
• Секогаш одржувајте ги отворите за вентилација
чисти и без отпадоци
• Заземете безбедно држење при работа (не посегајте
се, особено кога користите скалило)
ОБЈАСНУВАЊЕ ЗА СИМБОЛИТЕ ЗА АЛАТОТ
3 Пред употреба прочитајте го прирачникот за
употреба
4 Носете заштитни очила и заштита за ушите
5 Не изложувајте го алатот на дожд
6 Обрнете внимание на ризикот од повреда што
може да го предизвика отфрлениот остаток од
косењето (присутните лица да стојат на безбедно
растојание од местото на работа)
7 Исклучете ја косилката и извадете го приклучокот
од штекер пред чистење/одржување или ако кабелот
(продолжниот) е оштетен или заплеткан
8 Двојна изолација (не е потребна заземна жица)
9 Не фрлајте го алатот заедно со другиот отпад од
домаќинството
79