Ferm Industrial AGM1110P Traducción Del Manual Original página 150

Tabla de contenido
Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 30
Цврсто стегнето го работното парче или
користете друг начин за стегање на парчето,
за да не се помести во тек на работа.
Редовно проверувајте го дискот. Истапените
дискови имаат лош ефект врз ефикасноста
на машината. Сменете го дискот во
вистинско време.
Секогаш да ја исклучите машината после
користење, пред да го извлечете кабелот од
мрежата.
Оборување на рабови (сл. C)
Под агол од 30° до 40° го добивате најдобрите
резултати за оборување на рабови. Движете
ја машината назад и напред, со мал
притисок. Ова ќе го спречи обезбојувањето
или загревањето на парчето и ќе се избегне
правење на жлебови.
Не користете дискови за сечење за
оборување на рабови!
Сечење (сл. D)
За сечење, мора да се користи посебен браник
(не е вклучен).
Одржувајте цврст контакт со парчето за
спречување на вибрации и не навалувајте или
не притискајте кога сечете. Користете умерен
притисок при работа, соодветен на материјалот
кој се обработува. Не го забавувајте дискот со
примена на страничен притисок. Насоката на
сечењето е важна.
Машината секогаш да работи наспроти
насоката на сечењето; никогаш да не ја
движите машината во друга насока! Постои
ризик машината да се заглави предизвикувајќи
повратен удар и губење на контрола.
Совети за оптимално користење
Стегнете го работното парче. Користете
стеги за мали парчиња.
Држете ја машината со две раце.
Вклучете ја машината.
Почекајте машината да достигне полна
брзина.
Поставете го дискот врз работното парче.
Полека движете ја машината по должината
на парчето, цврсто притискајќи го дискот врз
парчето.
Не притискајте премногу врз машината.
Оставете машината да ја заврши работата.
150
Исклучете ја машината и почекајте целосно
да се сопре, пред да ја одложите.
4. ОДРЖУВАЊЕ
Замена на мрежен приклучок (само за ВБ)
Ако 3-полниот приклучок приклучен во
единицата е оштетен и треба да се замени,
важно е прописно да се уништи и да се
замени со одобрен од страна на BS 1363/7A
осигурителен приклучок и дека се запазени
следните упатства за ожичување.
Жиците во мрежниот кабел се обоени во
согласност со следниов код:
сина
неутрална
кафеава
жива
Бидејќи боите на жиците во мрежниот
кабел не одговараат на обоените ознаки
за идентификација на терминалите во
приклучокот, постапете на следниот начин:
Жицата со сина боја мора да се поврзе со
терминалот што е означен со буквата N или
е со црна боја.
Жицата со кафеава боја да се поврзе со
терминалот што е означен со буквата L или
е со црвена боја.
Пред чистење и одржување
исклучете ја машината и извадете го
приклучокот од главниот напон.
Редовно чистете го куќиштето со мекана
крпа, по можност после секое користење.
Отворите за вентилација да бидат ослободени
од прашина и нечистотија. Отстранете ја
нечистотијата со мекана крпа, навлажнета со
сапуница. Не користете растворувачи како што
е бензин, алкохол, амонијак, и др. хемикалии,
зашто тие ќе ги оштетат синтетичките
компоненти.
Заменете го кабелот
Ако кабелот е оштетен, тој мора да се замени
од страна на производителот, неговиот
овластен сервис или од квалификувано лице,
за да се избегнат опасности.
Tabla de contenido
loading

Este manual también es adecuado para:

Agm1111pAgm1112pAgm1113pAgm1114pAgm1115p

Tabla de contenido