Замена На Клинестиот Ремен; Помош Во Случај На Дефекти - AL-KO solo T22-110.0 HDH-A V2 Manual De Instrucciones

Tabla de contenido
Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 92
Транспорт
2. Отстранете ја корпата за собирање трева
(33).
3. Извадете го каналот за исфрлување (18).
4. Одвртете ја цилиндарската завртка (34) на
држачот на каналот со 5 - 6 вртења.
5. Спуштете ја алатката за косење на
најниската поставка (35).
6. Откачете го влечниот федер на алатката
за косење (36).
7. Ставете ја алатката за косење повторно
горе (37).
8. Откачете го каналот на клинестиот ремен
(38).
9. Откачете го клинестиот ремен од шајбната
за клинестиот ремен на моторот (39).
10. Повторно спуштете ја алатката за косење
на најниската поставка (40).
11. Отстранете ги 4-те пинови за заклучување
на фиксаторите од алатката за косење
(41).
12. Извлечете ги фиксаторите преку болцните
(41).
9.6
Замена на клинестиот ремен
1. Одвртете ги 6-те безбедносни навртки
(24).
2. Откачете го каналот на клинестиот ремен
(25).
3. Откачете ја и отстранете ја десната
поклопка (26) на алатката за косење.
4. Откачете ја и отстранете ја левата
поклопка (27) на алатката за косење.
5. Лесно одвртете ја завртката на затезниот
валјак сè додека не може да се разниже
клинестиот ремен (28).
6. Извадете го клинестиот ремен.
НАПОМЕНА Водилката и положбата на
клинестиот ремен се разликува во зависност
од типот. Почитувајте ја налепницата со
напомени на алатката за косење.
Ставање на нов клинест ремен
1. Положете го клинестиот ремен околу
лесно одвртениот затезен валјак и
повторно зашрафете го затезниот валјак
(30 / 31).
2. Положете го клинестиот ремен според
редоследот околу валјаците и запазете ја
водилката и положбата на клинестиот
ремен.
493516_a
10 ТРАНСПОРТ
При транспорт на тракторската косилка со
транспортна опрема (на пр. приколка за
автомобил), алатката за косење мора да се
поддржи одоздола со цел да се намали
оптоварувањето на закачувањето на алатката
за косење.
За време на транспорт, проверете дали
транспортните средства имаат доволен
капацитет за товар и дали соодветно е
прицврстена тракторската косилка.
11 СКЛАДИРАЊЕ
Тракторската косилка треба да се паркира
каде што е заштитена од временски влијанија,
особено влага, дожд и подолго изложување
на директна сончева светлина.
Никогаш не ја складирајте тракторската
косилка во зграда со гориво во резервоарот
ако има потенцијал за пареите од горивото да
дојдат во контакт со отворени пламени или
искри. Паркирајте ја тракторската косилка во
простории коишто се соодветни за
складирање на моторни возила.
Кога ја складирате тракторската косилка за
долги периоди, како на пример преку зима, по
можност не треба да се складира со полн
резервоар за гориво. Горивото може да
испари.
Пред долготрајно складирање, горивото треба
да се испушти од резервоарот и карбураторот
со цел да се избегне создавање на наслаги
коешто може да доведе до проблеми при
стартувањето. Контактирајте ја вашата
специјализирана работилница за совет.
12 ПОМОШ ВО СЛУЧАЈ НА ДЕФЕКТИ
ВНИМАНИЕ! Опасност од повреда.
Предметите со остри рабови и
самодвижечките делови на уредот може да
доведат до повреди.
При работи на одржување, нега и чистење
носете секогаш заштитни ракавици!
НАПОМЕНА Во случај на дефекти,
коишто не се наведени во табелата или Вие
самите не можете да ги отстраните, обратете
се до нашиот кориснички сервис.
517
Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido