MK
Постоперативен појас (бр. на артикал 57 231)
Анатомски оформен појас за гради со велкро лепенка
Индикации:
•
Реконструкција на гради по ампутација
•
Зголемување на гради со силиконски импланти
•
по сите пластични операции на гради
Контраиндикации:
•
Нарушување на циркулацијата или лимфно потекување на меките ткива
•
Алергиски и инфламаторни промени на кожата ( на пр. отоци, црвенило)
на засегнатиот дел од телото.
За индикацијата и начинот на носење на ортопетското помошно средство,
потребна е претходна консултација со лекар.
Величина Обем на града (се мери над градата и под пазувите)
S
86 – 92 cm
M
92 – 98 cm
L
98 – 108 cm
XL
108 – 118 cm
XXL
118 – 128 cm
Висина на појасот: 10,5 cm
Изборот на правилната величина и точната позиција на појасот го врши обучен
стручен персонал.
Начин на делување & функција:
Постоперативниот појас го фиксира имплантот на градата и спречува
поместување нагоре. Се постигнува стабилизирање на формата и фиксирање
на оперираната града. Combitex материјалот како високо еластичен материјал
којшто дише, со особена мекост се приспособува на контурите на градата.
Појасот е анатомски оформен и со тоа го помага ефектот на компресија.
Материјалот, којшто е пријатен за кожата, не се развлекува, а појасот може
лесно да се стави и извади.
Се препорачува за користење заедно со SILIMA
(Бр. на артикал 57 230); може да се користи и со друг функциски градник.
Ставање/облекување:
Постоперативниот појас се затвора над деколтето со помош на велкро лепенка:
•
За таа цел, држете го појасот така, што текстилната етикета ќе покажува
навнатре и ќе може да се прочита.
•
Потоа затворете го појасот од десно кон лево.
Упатство за перење:
30 степени, без омекнувач (види и текстилна етикета)
Пред перењето, затворете ја велкро лепенката!
Овој медицински производ е наменет за користење од страна на еден единствен пациент.
Заради гарантирање на неговата ефикасност и од хигиенски причини, тој не смее да се
дава на други пациенти.
Градник за компресија Cara
®