Вшмукување На Прав/Струготини - Bosch UniversalCirc 12 Manual Original

Tabla de contenido
Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 29
OBJ_BUCH-2942-001.book Page 176 Tuesday, August 16, 2016 11:43 AM
176 | Македонски
Приказ за наполнетоста на батеријата
Трите зелени LED светла на приказот за наполнетост на
батеријата 16 ја покажуваат наполнетоста на батеријата 2.
Од безбедносни причини, наполнетоста на батеријата
може да ја проверите само доколку електричниот апарат е
во мирување.
Притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување
4 до пола и потоа до крај, за да се прикаже состојбата на
наполнетост.
ЛЕД светло
Трајно светло 3 x зелено
Трајно светло 2 x зелено
Трајно светло 1 x зелено
Трепкаво светло 1 x зелено
Доколку по притискањето на прекинувачот за
вклучување/исклучување 4 не свети LED сијаличката,
батеријата е дефектна и мора да се замени.
Ставање/менување на листот за кружната пила
 Пред било каква интервенција на електричниот
апарат извадете ја батеријата.
 При ставањето на листот на пилата носете заштитни
ракавици. Доколку го допрете листот на пилата постои
опасност од повреда.
 Користете само листови за пила, кои одговараат на
карактеристичните податоци дадени во ова
упатство за употреба.
 Во никој случај не користете дискови за брусење
како алат за вметнување.
Демонтажа на листот на пилата (види слика A)
При замена на алатот, најдобро е да го поставите
електричниот апарат на челната страна од куќиштето на
моторот.
– Притиснете го копчето за блокада на вретеното 6 и
држете го притиснато.
 Копчето за блокирање на вретеното 6 активирајте го
само доколку вретеното на пилата е во состојба на
мирување. Инаку електричниот апарат може да се
оштети.
– Одвртете го 5 затезниот шраф 26 со инбус клуч во
правец на вртење .
– Навалете ја наназад заштитната хауба со повратен
механизан 20 и држете ја цврсто.
– Извадете ја стезната прирабница 25 и листот за пилата
24 од вретеното на пилата 21.
Монтирање на листот за пилата (види слика A)
При замена на алатот, најдобро е да го поставите
електричниот апарат на челната страна од куќиштето на
моторот.
– Исчистете го листот за пилата 24 и сите стезни делови
што се монтираат.
– Навалете ја наназад заштитната хауба со повратен
механизан 20 и држете ја цврсто.
1 609 92A 32F | (16.8.16)
– Поставете го листот на пилата 24 на приклучната
прирабница 23. Правецот на сечење на запците
(правецот на стрелката на листот за пилата) мора да
одговара на стрелката за правец на вртење на
заштитната хауба со повратен механизам 20.
– Поставете ја стезната прирабница 25 и зашрафете го
затезниот шраф 26 во правец на вртење . Внимавајте
на правилна положба на монтирање на приклучната
прирабница 23 и стезната прирабница 25.
– Притиснете го копчето за блокада на вретеното 6 и
Капацитет
држете го притиснато.
≥2/3
– Зацврстете го 5 затезниот шраф 26 со инбус клуч во
правец на вртење . Моментот на затегање треба да
≥1/3
изнесува 6–9 Nm, што одговара на рачно затегање
<1/3
плус ¼ вртење.
Резерва
Вшмукување на прав/струготини
 Пред било каква интервенција на електричниот
апарат извадете ја батеријата.
 Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата
прав може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или
бука важат како канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што
содржат азбест може да бидат обработувани само од
страна на стручни лица.
– За да постигнете висок степен на вшмукување на
прав, користете соодветен вшмукувач заедно со
овој електричен апарат.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
Монтирање на адаптерот за вшмукување
(види слика B)
Прицврстете го адаптерот за вшмукување 30 со шрафот
за прицврстување 29 на основната плоча 7.
На адаптерот за вшмукување 30 може да се приклучи
црево за вшмукување со дијаметар од 35 мм.
 Адаптерот за вшмукување не смее да се монтира
без приклучено надворешно вшмукување. Инаку
каналот за вшмукување може да се запуши.
 На адаптерот за вшмукување не смее да се
приклучи ниту вреќа ниту кутија за прав. Инаку
системот за вшмукување може да се запуши.
Заради обезбедување на оптимално вшмукување,
адаптерот за вшмукување 30 мора редовно да се чисти.
Bosch Power Tools
Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido