OBJ_BUCH-1010-005.book Page 128 Thursday, January 15, 2015 11:27 AM
128 | Македонски
За да ја извадите батеријата 7 притиснете на копчињата за
отворање 6 и извлечете ја батеријата надолу од
електричниот уред. Притоа не употребувајте сила.
Внимавајте на напомените за отстранување.
Замена на алатот (види слика B)
Пред било каква интервенција на електричниот
апарат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како
и при негов транспорт и складирање, извадете ја
батеријата од него. При невнимателно ракување со
прекинувачот за вклучување/исклучување постои
опасност од повреди.
Ставање на алатот за вметнување
Извлечете ја чаурата за заклучување 3 нанапред и на крај
ставете го алатот за вметнување до крај во прифатот за
алат 2. Алатот за вметнување сам ќе се фиксира.
Вадење на алатот за вметнување
Извлечете ја чаурата за заклучување 3 нанапред и
извадете го алатот за вметнување.
Вшмукување на прав/струготини
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата
прав може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или
бука важат како канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што
содржат азбест може да бидат обработувани само од
страна на стручни лица.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
Избегнувајте собирање прав на работното место.
Правта лесно може да се запали.
Употреба
Ставање во употреба
Вметнување на батерија
Користете само оригинални Bosch литиум-јонски
батерии со напон кој е наведен на
спецификационата плочка на Вашиот електричниот
апарат. Користењето друг вид батерии може да доведе
до повреди и опасност од пожар.
Напомена: Користењето на батерии несоодветни за
вашиот електричен апарат може да доведе до погрешно
функционирање или до оштетување на електричниот
апарат.
1 609 92A 0WN | (15.1.15)
Прекинувачот за менување на правецот на вртење 8
поставете го на средината, за да спречите несакано
вклучување. Наполнетата батерија 7 вметнете ја во
дршката, додека не се вклопи и не легне рамно во
дршката.
Поставете го правецот на вртење (види слика C)
Со прекинувачот за менување на правецот за вртење 8
може да го промените правецот на вртење на
електричниот апарат. Доколку прекинувачот за
вклучување/исклучување 9 е притиснат ова не е
возможно.
Тек на десно: За дупчење и зашрафување на шрафови
притиснете го прекинувачот за менување на правец на
вртење 8 на лево до крај.
Тек на лево: За одвртување одн. отшрафување на
шрафови и мутери притиснете го прекинувачот за
менување на правецот на вртење 8 на десно до крај.
Избирање на вртежниот момент
Со прстенот за подесување на вртежниот момент 4 може
да го изберете потребниот вртежен момент во 20 степени.
При правилно подесување, алатот што се вметнува ќе се
стопира, откако шрафот цврсто ќе се зашрафи во
материјалот одн. откако ќе се постигне поставениот
вртежен момент. Во позиција „
е деактивирана, на пр. при дупчење.
При одвртување на шрафови евентуално може да
одберете повисока поставка одн. да поставите на ознаката
„
".
Механички избор на брзини
Прекинувачот за избор на брзини 5 активирајте го
само доколку електричниот апарат е во состојба на
мирување.
Со прекинувачот за избор на брзини 5 може да изберете 2
обеми на брзини.
Брзина I:
Низок обем на вртежи; за зашрафување или работење со
голем дијаметар на дупчење.
Брзина II:
Висок обем на вртежи; за работење со мал дијаметар на
дупчење.
Доколку прекинувачот за избор на брзини 5 не може да се
вметне до крај, свртете го малку прифатот за алат 2 со
алатот за прифат.
Вклучување/исклучување
За ставање во употреба на електричниот апарат
притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување
9 и држете го притиснат.
Лампата 10 свети доколку прекинувачот за
вклучување/исклучување 9 е напола или целосно
притиснат и овозможува осветлување на работното поле
при неповолни светлосни услови.
За да го исклучите електричниот апарат, отпуштете го
прекинувачот за вклучување/исклучување 9.
За да се заштеди енергија, вклучувајте го електричниот
алат само доколку го користите.
" преоптеретната спојка
Bosch Power Tools