OBJ_BUCH-1536-004.book Page 137 Tuesday, September 6, 2016 11:34 AM
Изјава за сообразност
Тврдиме на наша одговорност, дека опишаните
производи во „Технички податоци" се сообразни со
следните норми или нормативни документи: EN 60745,
EN 50581 според одредбите на регулативите
2009/125/EC (одредба 1194/2012), 2011/65/EU,
2014/30/EU, 2006/42/EC.
Техничка документација (2006/42/EC) при:
Robert Bosch Power Tools GmbH, PT/ECS,
70538 Stuttgart, GERMANY
Henk Becker
Helmut Heinzelmann
Executive Vice President
Head of Product Certification
Engineering and
PT/ECS
Manufacturing
Robert Bosch Power Tools GmbH
70538 Stuttgart, GERMANY
Stuttgart, 01.01.2017
Монтажа
Полнење на батеријата
Користете ги само полначите што се наведени на
страницата со опрема. Само овие полначи се погодни за
литиум-јонската батерија за Вашиот електричен апарат.
Напомена: Батеријата се испорачува полу-наполнета. За
да ја наполните целосно батеријата, пред првата употреба
ставете ја на полнач додека не се наполни целосно.
Литиум-јонските батерии може да се наполнат во секое
време, без да се намали нивниот рок на употреба.
Прекинот при полнењето не и наштетува на батеријата.
Литиум-јонската батерија е заштитена со „Електронска
заштита на ќелиите (ECP)" од длабинско празнење.
Доколку се испразни батеријата, електричниот апарат ќе
се исклучи со помош на заштитно струјно коло:
Електричниот апарат не се движи повеќе.
По автоматското исклучување на електричниот
апарат, не притискајте на прекинувачот за
вклучување/исклучување. Батеријата може да се
оштети.
Батеријата е опремена со NTC-контрола на температурата,
што дозволува полнење само на температура меѓу 0 °C и
45 °C. Со тоа се постигнува долг рок на траење на
батеријата.
Внимавајте на напомените за отстранување.
Вадење на батеријата
Батеријата 7 има два степени на заклучување кои
спречуваат да не испадне батеријата при невнимателно
притискање на копчето за отворање на батеријата 8.
Додека батеријата е вметната во електричниот апарат, таа
се држи во позиција со помош на федер.
Bosch Power Tools
За да ја извадите батеријата 7 притиснете на копчињата за
отворање 8 и извлечете ја батеријата нанапред од
електричниот апарат. Притоа не употребувајте сила.
Замена на алатот (види слика A)
Пред било каква интервенција на електричниот
апарат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како
и при негов транспорт и складирање, извадете ја
батеријата од него. При невнимателно ракување со
прекинувачот за вклучување/исклучување постои
опасност од повреди.
Ставање на алатот за вметнување
Извлечете ја чаурата за заклучување 3 нанапред, алатот
што се вметнува ставете го до крај во прифатот за алат 2 и
повторно олабавете ја чаурата за заклучување 3, за да го
блокирате алатот за вметнување.
За одвртување користете само битови за одвртувач со
топчест затворач 1 (DIN 3126-E6.3). Другите битови за
одвртувачот 13 може да ги ставите со помош на
универзален држач за битови со топчест затворач 12.
Вадење на алатот за вметнување
Извлечете ја чаурата за заклучување 3 нанапред и
извадете го алатот за вметнување.
Употреба
Функционалност
Прифатот за алат 2 и алатот што се вметнува се ставаат во
погон со електромотор со помош на погон и ударен
механизам.
Работната постапка се дели на две фази:
Зашрафување и Прицврстување (ударен механизам во
акција).
Ударниот механизам се активира, штом се затегне спојот
на шрафовите и така се оптоварува моторот. Притоа
ударниот механизам ја претвора силата на моторот во
еднакви удари со вртење. При олабавување на шрафови и
мутери, оваа постапка тече по обратен редослед.
Ставање во употреба
Вметнување на батерија
Користете само оригинални Bosch литиум-јонски
батерии со напон кој е наведен на
спецификационата плочка на Вашиот електричниот
апарат. Користењето друг вид батерии може да доведе
до повреди и опасност од пожар.
Македонски | 137
1 609 92A 2CW | (6.9.16)